До пред некое време Алиено беше само на слики и концепти, и без разлика што изгледаше на модифицирано Ламборџини, барем на сликите беше прилично пристојно.
Иако целата работа можеше да заврши на слики од концепти како што било со неброени други возила, Бугарите решија сепак да направат еден прототип и да го покажат пред јавност.
И би премиера:
Истите оние кои забележаа детали како на сликата подолу, тврдат дека тоа што шофершајбната на сликите од промоцијата изгледа како нацртана е затоа што цела школка е направена од картон и само ѝ се насадени дебели гуми со добри бандажи.
Пред неколку месеци Алиено го имаше своето прво излегување од гаража пред камери, што изгледаше вака:
Инаку, бројките на Алиено се искрено вонземски и гласат:
- 5221 коњска сила.
- Од 0 до 100 за помалку од една секунда.
- Максимална брзина 580 км/ч.
Цената е некаде над 2 милиони евра.