Бугарскo реновирање тврдини и парите на европските даночни обврзници

Бугарската влада на реновирање тврдини троши 90 милиони евра од Европските фондови за регионален развој. Продолжетокот на веста не е туристички пи-ар текст за тура низ бугарските тврдини.

Дејли меил:

„Но наместо да ги врати на нивната првична убавина и изглед, градежните работи ги претворија тврдините во смешка,“ пишува Дејли меил.

Телеграф:

„Конзервационистите го истурија својот гнев на обновата на средновековната тврдина Кракра и римската тврдина Трајанова порта, меѓу другите, откако тие беа обновени користејќи полимербетон.“

Крајната оценка е дека реконструкцијата направила тврдините да личат како да се направени од „сирење и картон“. (Пример, проблемот со полимербетон е што тој се користи за тротоари и плочници.)

По реакцијата од сите страни локалните власти од Перник, каде што се наоѓа тврдината Кракра која доби прекар „картонска тврдина“, најавија дека во 2019 ќе ги отстранат доградбите што ги направиле.

Византиската тврдина Јаилата го доби прекарот „сирење тврдина“ откако празнините во градбата беа пополнети со бели мазни блокови кои комплетно се разликуваат од истрошената фасада на тврдината.

Да не излезе дека целата работа е непознаница за Бугарија, кога тамошниот министер за култура Вежди Рашидов беше запрашан околу обновата на тврдините неговиот одговор беше „малку фалсификување ќе заврши многу работа за туризмот“.

На крај ниту обновата, ниту логиката на министерот не вршат нешто многу работа, бидејќи крајните математики покажуваат дека на пример Кракра во 2016 ја имаат посетено 15.412 туристи, од кои има заработено 8.000 евра, и покрај тоа што просечната цена на влезницата е 2 евра (???).

Според европски бројки Бугарија од програмата за Регионален развој во периодот од 2007 до 2013 има добиено околу 138,5 милиони евра за инвестирање во одржлив туризам. Сите инвестиции се направени во соработка со министерството за култура.

2 октомври 2018 - 11:41