Светското во Русија кулминира. По сите градови има различни знамиња, офарбани лица и реквизити. Во Русија допатувале повеќе од 250.000 навивачи но неверојатно оние кои секогаш се најбројни, сега дошле само 2.500 да ја бодрат Англија во Волгоград.
Англичани во Русија има малку и тоа е факт. Во првите денови од Светското, луѓе со дресот на „Трите лава“ можеле да се видат само во фан зоните и тоа луѓе кои зборувале руски. Поавтентични Англичани имало на аеродромот Домодедово во Москва пред летот Москва-Волгоград: типични Англичани со тетоважи на Евертон, Шефилд Венздеј и британски знамиња кои пееле песни и пиеле пиво:
Finally! #eng #WorldCup #threelions pic.twitter.com/FWY79IiHeq
— Dariya Konurbaeva (@Koda117) June 17, 2018
Најголема одговорност за скромното присуство на Англичаните во Русија сносат британските медиуми. Тие постојано ломотеа за страшни хулигани кои таму ги чекаат да ги ловат, пишуваа за нова Студена војна итн.
Во април минатата година поранешниот премиер Дејвид Камерон одново ја отвори приказната за корумпираноста на ФИФА. Изјави дека Русија поткупувала чиновници кои гласале за изборот на домаќин на Светско 208.
Тоа звучеше со интонација „Русите ни го украдоа Светското првенство“. Новинарите пишувале и за опасност од терористички напади, Путин го споредуваа со Хитлер (пратеник од Лабуристичката партија Јен Остин изјавил дека „Путин ќе го користи Светското како што Хитлер ја искористил Олимпијадата 1936“), а британската влада го бојкотира Мундијалот и нема нивни претставници.
Како се наближи Светското така се појави информација за репрезентативците на Англија кои не ги пуштале членовите на нивните семејства во Русија поради проблеми со расизам.
Сево ова го зачинуваа со фотографии од крвавите напади на руските хулигани во Марсеј.
Во таква атмосфера навивачите во Англија негативно гледаат на Русија. Тонот на новинарите се смени на подобро само на пар недели пред Светското: од Русија наместо критики праќаа репортажи со комплименти за организацијата и безбедноста но повеќето Англичани решија да останат дома каде се најсигурни.
Навивачите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед кои играа европски натпревари во Москва во септември раскажаа дека немале никакви проблеми.
Топката ја спушти и англискиот селектор Гарет Саутгејт: „Јас поминав некое време во Русија и се чувствував неверојатно комфорно. Лани бев на Купот на Конфедерации и неверојатната атмосфера на стадионите ме потсети на други Светски првенства на кои бев“.
Во Волгоград пред мечот против Тунис Саутгејт повторно делел комплименти „Ја знаеме историјата на Волгоград, го сфаќаме значајот на битките од Втората светска војна и особена чест е да се биде тука. Ги уважуваме луѓето кои ги жртвувале своите животи поради победата. И тоа е многу поважно од фудбалот“.
Англиските навивачи кои допатувале во Русија повторуваат на глас дека нивните жени, девојки и семејства се плашеле за нивната безбедност но дека Русија како земја домаќин секако нема да дозволи ништо лошо да се случи на нејзина територија.
Притоа шефовите на полицијата соопштија дека разговарале со водачите на навивачките групи од Русија на кои им е ставено до знаење дека драконски ќе бидат казнувани ако дојде до нереди.