Што, побогу, дрег кралиците некогаш направиле за толку многу да им се восхитувате? Освен што ќе нафрлат шминка и ќе излезат на бина и ќе прават сексуални алузии на сцена?
Немам идеја зошто вие би сакале тоа да влијае врз вашето дете. Сакате стриптизета или порно актерка да биде инфлуенсер за вашето дете? Нема тоа никаков резон. Травестити настапуваат во ноќни клубови за возрасни. Таму се случуваат разни прљавштини, многу сексуални работи а зад сцена има многу голотија, секс и дроги. Ок?
Не мислам дека баш тоа треба да биде игралиштето кое вашето дете ќе го истражува. Тие може да се истражуваат себе дома, како што сите ние сме правеле, како што правеле геј момчињата, сите ние сме се облекувале и пресоблекувале и супер сме си поминувале со нашите другарки, ставајќи шминка, пробувајќи алишта, такви работи.
Но активно да ги вклучуваш во квир светот е екстремно неодговорно. Разбирам дека можеби сакате да изгледате дека држите чекор, дека сте кул, дека сте разбудени, дека не сте наци, дека не сте хомофоб, што и да е. Но можете да го растете своето дете да биде нормално, регуларно дете без да го вклучувате во геј и сексуални работи.
Искрено, со тоа не ѝ правите никаква услуга на геј заедницата. Напротив, ни одмагате бидејќи и онака нè бие глас дека сме педофили, перверзни и забегани. Не ни треба уште и децата да ни ги носите.
Нека ви бидат дома, или носете ги во Дизниленд или отидете на пица. А ако баш сакате на вашето дете забава да му прават големи луѓе облечени во костуми и шминки, однесете ги во циркус.
А кога ќе полнат 18 години, за роденден однесете ги во клуб бидејќи тоа е место за возрасни. Само не го уништувајте животот на детето и не нè уништувајте нас, бидејќи тоа е она што го правите.