Ако некој сака преку измислен лик (во книга, колумна, есеј или кое било друго дело) да се пресмета со некој вистински човек, правно му е паметно во описот на неговите фактички карактеристики (преку што читателот разбира за кого се работи) да додаде само уште една: дека има мал пенис.
На тој начин, оној што ќе се препознае во текстот и ќе се смета за оштетен, најверојатно ќе реши да се откаже од судска разрешница бидејќи на тој начин ќе треба да потврди дека тој е измислениот лик, со наведеното образование, професија, боја на коса.... и да - со мал пенис.
Генијални ѓубриња знаат да бидат тоа адвокатите, нели?
Како неформална стратегија, правилото на мал пенис долго време се користи во голем број околностии, а за првпат е опишано во Њујорк тајмс од 1998 година:
За еден измислен лик да биде правно релевантен, тој мора да биде толку прецизно опишан што читателот без проблем ќе ги поврзе двата субјекта. Оттука, правниците што се занимаваат со тужби за навреда и клевета, прибегнуваат кон правилото на мал пенис, со што авторот се заштитува од правни последици од својот лик. Со други зборови, ниеден маж нема да отиде и да каже: „Оној ликот со мал пенис, тоа сум јас“.
Ова правило голем публицитет доби во 2006 во спорот меѓу Мајкл Кроули и Мајкл Кричтон. Првиот тврдеше дека откако напишал не баш позитивна рецензија за новела на Кричтон, овој во една следна новела го повредил неговото достоинство преку измислениот лик „Мик Кроули“, кој бил дипломец, новинар од Вашингтон и - имал мал пенис.