Реклами

Јагуар се ребрендира и тоа не минува баш мазно

После повеќегодишен пад на продажбата и тенчење на производното портфолио, Јагуар реши да мине низ масивна трансформација и да го „ре-обмисли“ брендот. Го сменија логото (хмм) и извадија промотивен спот со наслов „Не копирај ништо“ со шарени, разбудени, вибрантни и екстравагантни дечки, девојки, бинарни, флуидни и каквигод. „Вие коли продавате?“ ги праша Илон Маск. 

Која селендра е ова Осло....

Махерска реклама за туристичка промоција на норвешкиот туризам во кој одлично е искористена една контра-логика. 31 годишен маж од Осло се жали на секој аспект на градот кој му пречи. Само што, секој тој аспект на кој овој кука, други луѓе од надвор ги тера веднаш да купат карта за Осло.  

Адидaс, махерски

Добрите рекламџиите се мајстори за производство на посакуваните емоции и управување со нив. Како во овој случај со рекламата на Адидас за Англичаните и фудбалското првенство во Германија. Не само изборот на песната (Hey Jude од Битлси), туку и нејзиниот суптилно изведен аранжман, ускладеноста со кадрите и нивниот ритам, пресвртот на приказната... Многу, многу вешто.  

Кристофер Вокен за BMW

Одлична реклама на стариот ексцентрик за електричен модел на БМВ. Насловот на кампањата е „Talkin Like Walken“. Ако по нешто е препознатлив стариот, тое е неговото чело, денс движењата и начинот на кој зборува. Значи челото и денсот на страна, во рекламата Вокен се среќава со луѓе кои зборуваат како него. Скроз шармантно. На видеото не му треба бонус, ама ако, нека има бонус. Бонусот е Ашер.  

Рики Џервеис има своја вотка

Рики Џерваис тврди дека го поседува идеалниот рецепт за вотка и ја има најлошата реклама за неа. Вотката која е негова се вика Дач Барн и се дестилира во северен Јоркшир. Не сме ја пробале па да ви кажеме за тоа. А „најлошата“ реклама ја видовме и одлична е, со онаа префинета а ефикасна британска смисла за авто-иронија и пародирање. Со лекар кој зборува за негативните последици од алкохолот. Пиц-пец.    

Креативци, ставете си прст... на чело

Иако во хрватска кафана нам прв избор ни е Карловачко, Жуја е стварно закон, особено за реклами. Вакви реклами, за подигање свесност за некое прашање, кај се прават на оној најлесен начин, со тестемониали: ќе собереш 5-6 познати фаци и тие во камера ќе кажат, на пример, да не се трпи малтретирање. Оние што работат за Жуја се чекор, два, километар понапред. Ќе видите за која кауза е видеото и како е тоа махерски изведено!

Рекламен дијамант: Столарија Станишиќ

Ни дебели буџети, ни бескрајни бреинсторминзи, ни бутур. На најефикасен можен начин, оваа видео реклама го следи основниот адвертајзинг принцип, да го покажеш проблемот па да понудиш решение. Се разбира, проблемот мора да биде прикажан уверливо за веднаш да воспостави релација со примачот на пораката. А од ова поуверливо, здравје.  

Не може па сите дедовци да дигаат тегови

Да, ја испофливме онаа празнична реклама со дедото кој на стари години реши да почне да вежба (види: Божиќна реклама на денот) и тоа и натаму стои и добра е рекламата. Ама кога ќе наидеш на уште подирљива и поемотивна божиќна порака, и пак со дедо, редно е и тоа да се признае.  

Божиќна реклама на денот

Веројатно нема понеблагодарна креативна работа од областа на адвертајзинот отколку, после сè што е видено години и децении наназад, да смислиш нова и свежа реклама во духот на божиќните празници а таа да не биде банална (насмеани, облечени во црвено, елка, подароци...) или пак да не се доживее како тежок кринџ (насмеани, облечени во црвено, елка, подароци...). Ама, сепак може.

Кажете им да на ролшулите

Своевремено, и овде и глобално многу популарен беше слоганот „Кажете им не на дрогите.“ На тој бран е направена оваа ужасна нискобуџетна реклама (чекајте да го видите кастингот). Толку е лоша и „на прва“, што е дирљиво. Еве една поента: ако му купите ролшули на детето, тоа нема да влезе во комбе во кое некој чичко му нуди бонбони. И после како да речат не на дрогите?

 

Епл, од револуција до патетика

Иако немаат направено ништо парадигматично вредно откако го нема Стив Џобс, Епл пробува да остане „ин“ со глацање на јаболкото. Видеово е да не ти се верува: На состанок кој го води главниот (Тим Кук, ЦЕО, 62 години, 1,9 милијарди долари), на гости им доаѓа - Мајката Природа (?!) па вработените ѝ рецитираат што сè тие прават за климата. Мислеле на сè: мама е црнкиња.

Време е кенкачите да пораснат

Основана во 2021 година, RedBalloon брзо прерасна во најголемата и најуспешна американска  платформа за работни места, бизниси и таленти, каде се горди на своето противење на монструозната кансел култура и разбудените идеолози. Погледнете една нивна реклама, со „прцање“ на сите денешни идеолошки тотеми и фетиши.

Како се ребрендира пијачка за да звучи здраво

Не мора ништо да смените во самата пијачка. Само треба да ги смените пораките за таа да звучи поздраво. Дека е 100% природна и растителна (оти па другите се нериродни и меснати), дека е 100% органска (оти претходно била неорганска), дека е безглутенска, дека има ниско ниво на натриум.... И одеднаш, старата добра Кока-кола станува шемаџиска за сите трагачи по здравиот живот.

Кој е за бело, екстра бело?

Има можеби 15 години поминато од ова „филмско“ парче македонска иновативност, неконвенционалност и дрскост.  Штета што немаше кој да го следи „жанрот“ па наместо нешто вакво, телевизиските слотови се полни со досадни и кринџ пораки, темелени на трикотажни синопсиси склопени во „safe mode“.

Сопрано е кога има сè

Гандолфини го сними ова „Животот е краток“ парче годината кога почина. Веќе не прават вакви. Ни ликови ко Сопранови, ниту финти како ова. Помислете на овој момент: ова е реклама која слеп човек би го орасположила, а глув човек би го извадила од памет.

Извини

Две реклами. На иста поента, пошто едната е пародија на другата. Оригиналот е на Мерцедес, ама потоа некој решил да покаже како тоа изгледа во Дачиа.

Далеку дотераа ПВЦ прозорите

Повеќе од 20 години речиси немаше што повеќе да се каже на тема ПВЦ врати и прозори од тоа што го кажа Шенка во рекламата за Енфапен „... и раат сум“, се додека ирански производител не реши да нарача реклама. И тоа реклама за сите пари.

 

Како изгледа претерување во Иран

Реклама за сладолед во која исклучително пристојно облечена жена, искучително пристојно јаде сладолед на стапче, беше доволна провокација за Иран да забрани во иднина жени да се појавуваат во сите реклами.
 

Русија потсетува: Зимата доаѓа

Ау, какво „клизечи“ видео направиле Русите или пак некои нивни фанови. Ги набројуваат сите можни предности и поволности кои ги има Русија во моментов и на крај закуцаваат со повик „Време е да се преселите во Русија“. И уште подрско потсетување: „Не одолговлекувајте, зимата доаѓа“.

Та не е Боливуд само за филмови

Или ние веќе сме капитулирале и сме навикнале дека постојат само тоа корпоративните праволиниските реклами или во рекламава се случуваат многу работи. За почеток, Тајланѓанка на помош го вика својот боливудски суперхерој, а тој доаѓа како што се очекува од него - летајќи на бандера.

Џони Деп за Диор

Актерот се враќа на екраните, засега оние малите. Една недела по неговата судска победа во случајот против поранешната сопруга, на една од ретките компании која реши да не дигне раце од него ѝ дојде време да ја наплати одлуката која се покажа како паметна и да пушти нов спот со Џони Деп.

Ролетни со политички став

Скромна рекламна порака на компанија за ролетни од Флорида, компанија за која, очигледно, не е сè во парите. На крајот од пораката викаат: „Ако ги подржувате Џо Бајден и либералите, ич да не ни се јавувате“.

Секогаш можете да најдете подобра работа

Секој ден е ист. Секој божји ден. Само 40 минути за ручек. Газдата ми дише во врат. Секогаш доцнам на семејните собирања. Секој божји ден, секоја божја недела. Од понеделник до сабота. А кога конечно ќе дојдам дома, повторно ме чека работа... Ви звучи блиско? Верувајте, не.

Би јаделе ли човек во име на човекољубието?

Си немале Шведите свои проблеми па мислеле на тоа дали на планатева ќе имаме доволно храна за сите. МекКен Стокхолм им скоцкал кампања „Изеди Швеѓанец (може и Швеѓанка)“ за да покаже колку сме спремни да го смениме односот кон храната, дур има време. Главниот лик во мокументарецот е Александар Скарсгард, го знаете од Тарзан и Годзила версус Кинг Конг.