Реклами

Време е кенкачите да пораснат

Основана во 2021 година, RedBalloon брзо прерасна во најголемата и најуспешна американска  платформа за работни места, бизниси и таленти, каде се горди на своето противење на монструозната кансел култура и разбудените идеолози. Погледнете една нивна реклама, со „прцање“ на сите денешни идеолошки тотеми и фетиши.

Како се ребрендира пијачка за да звучи здраво

Не мора ништо да смените во самата пијачка. Само треба да ги смените пораките за таа да звучи поздраво. Дека е 100% природна и растителна (оти па другите се нериродни и меснати), дека е 100% органска (оти претходно била неорганска), дека е безглутенска, дека има ниско ниво на натриум.... И одеднаш, старата добра Кока-кола станува шемаџиска за сите трагачи по здравиот живот.

Кој е за бело, екстра бело?

Има можеби 15 години поминато од ова „филмско“ парче македонска иновативност, неконвенционалност и дрскост.  Штета што немаше кој да го следи „жанрот“ па наместо нешто вакво, телевизиските слотови се полни со досадни и кринџ пораки, темелени на трикотажни синопсиси склопени во „safe mode“.

Сопрано е кога има сè

Гандолфини го сними ова „Животот е краток“ парче годината кога почина. Веќе не прават вакви. Ни ликови ко Сопранови, ниту финти како ова. Помислете на овој момент: ова е реклама која слеп човек би го орасположила, а глув човек би го извадила од памет.

Извини

Две реклами. На иста поента, пошто едната е пародија на другата. Оригиналот е на Мерцедес, ама потоа некој решил да покаже како тоа изгледа во Дачиа.

Далеку дотераа ПВЦ прозорите

Повеќе од 20 години речиси немаше што повеќе да се каже на тема ПВЦ врати и прозори од тоа што го кажа Шенка во рекламата за Енфапен „... и раат сум“, се додека ирански производител не реши да нарача реклама. И тоа реклама за сите пари.

 

Како изгледа претерување во Иран

Реклама за сладолед во која исклучително пристојно облечена жена, искучително пристојно јаде сладолед на стапче, беше доволна провокација за Иран да забрани во иднина жени да се појавуваат во сите реклами.
 

Русија потсетува: Зимата доаѓа

Ау, какво „клизечи“ видео направиле Русите или пак некои нивни фанови. Ги набројуваат сите можни предности и поволности кои ги има Русија во моментов и на крај закуцаваат со повик „Време е да се преселите во Русија“. И уште подрско потсетување: „Не одолговлекувајте, зимата доаѓа“.

Та не е Боливуд само за филмови

Или ние веќе сме капитулирале и сме навикнале дека постојат само тоа корпоративните праволиниските реклами или во рекламава се случуваат многу работи. За почеток, Тајланѓанка на помош го вика својот боливудски суперхерој, а тој доаѓа како што се очекува од него - летајќи на бандера.

Џони Деп за Диор

Актерот се враќа на екраните, засега оние малите. Една недела по неговата судска победа во случајот против поранешната сопруга, на една од ретките компании која реши да не дигне раце од него ѝ дојде време да ја наплати одлуката која се покажа како паметна и да пушти нов спот со Џони Деп.

Ролетни со политички став

Скромна рекламна порака на компанија за ролетни од Флорида, компанија за која, очигледно, не е сè во парите. На крајот од пораката викаат: „Ако ги подржувате Џо Бајден и либералите, ич да не ни се јавувате“.

Секогаш можете да најдете подобра работа

Секој ден е ист. Секој божји ден. Само 40 минути за ручек. Газдата ми дише во врат. Секогаш доцнам на семејните собирања. Секој божји ден, секоја божја недела. Од понеделник до сабота. А кога конечно ќе дојдам дома, повторно ме чека работа... Ви звучи блиско? Верувајте, не.

Би јаделе ли човек во име на човекољубието?

Си немале Шведите свои проблеми па мислеле на тоа дали на планатева ќе имаме доволно храна за сите. МекКен Стокхолм им скоцкал кампања „Изеди Швеѓанец (може и Швеѓанка)“ за да покаже колку сме спремни да го смениме односот кон храната, дур има време. Главниот лик во мокументарецот е Александар Скарсгард, го знаете од Тарзан и Годзила версус Кинг Конг. 

Како рекламираат Црногорците

Како антидот за норвешката реклама, да видиме како тоа се прави во Црна Гора. Старите мајстори 'Букс оф књиге' направиле реклама каква што пасува: ем пораката е прецизна, ем сето тоа е забавно и пресмешно. Е сега, зошто нема трансџендер во спотот, тоа е друго прашање.

„Вистината“ за Дедо Мраз

Четириминутна кринџ реклама од Норвешка чија главна фабула е дека Дедо Мраз е хомосексуалец. Па се заљубуваат со еден татко, помлад од него, со лапање, со све што треба. Ок, ама чекајте малку. Нели Дедо Мраз беше за да радува деца, а не возрасни? Да ја опнеше тој мајката, наместо таткото, како прогресивниот ум ќе го дижестираше тоа?

Адидас извади патики за на Октоберфест

Во пресрет на Октоберфест, компанијата реши да понуди специјална едиција на нивниот популарен „Минхен“ модел која има детали  во чест на пивскиот фестивал но најбитна особина е што се премачкани со специјален DPBR премаз кој ги прави отпорни на пиво од прва рака и на она пиво кое организмот го проценил како вишок. Она DPBR доаѓа од „durable puke & beer repellent“.

Принцеза на мама

Видео реклама со едно разгалено дете кое прави русвај по дома, нашминкано и облечено во женска облека. Што може да биде чаре за вакви ситуации? Ќе видите на крај.

Измама на која не одолеваме

Мал увид во тоа како се снимаат оние совршени кадри во рекламите за храна и пијалоци, кадри од кои доаѓа вода на уста. Едноставно. Со многу машинерија.

Чичкото од рекламата за тетратките

За почеток на новата школска година, се навраќаме на една од најурнебесно храбрите реклами на таа тема. Храброста не е во сценариото и самата содржина на рекламата (за нов школски прибор), туку во кастингот. Ајде пробајте да погодите кој најмалку може да се очекува во таа улога?

Зошто Де Ниро нејќе во Швајцарија?

Федерер му праша видео материјали од убавините на Швајцарија а овој вика, јок, не ми се бендисува. Генерално, сосема ја разбираме таа негова логика, освен во денови кога дома драматично ќе окапеме по шалтери или семафори. 

Јапанци!

Јапонски производител на сладолед на видео ги вади целиот свој менаџмент и вработени во знак на официјално извинување до сите свои муштерии за гревот што после 25 години морале да го поскапат сладоледот од 60 јени на 70 јени (од 28 на 32 денари).

1130 години оправданија за неносење кацига

Советот за безбедност на данските патишта ви порачува дека ве разбира и дека никој никогаш не сакал да носи кацига, ама тоа е и кацига мора да се носи.

Совршена реклама не пос...

Боб Дилан ја има Hard Rain's Gonna Fall а газда Мамиќ од Живинице го добива овој адвертајзинг еп, благодарејќи на триото Мирсада и јарани. Ова да се чуе на финале на Супербол, веќе ништо нема да биде исто на овој свет таговен.  

RIP Ник Кејмен

На 59 години, од рак на коски почина Ник Кејмен, едно време пулен на Мадона но најпознат по една фамозна реклама за Левис која ја дигна продажбата на тие фармерките перени со камења во џебовите за неверојатни 800%.