Реклами

Wow, no cow!

„Ова е или најглупата реклама која ја видовме на Супербол 2021 или пак е најдобрата реклама која ја видовме на Супербол 2021“, пиша Базфид, признавајќи дека не можaт да ја решaт дилемата. Само потсетување, 30- секунди реклама на Супербол годинава кошташе 5,5 милиони долари. Kомпанија која прави „млеко“ од овес го вади ова:   

2021, годината кога Брус Спрингстин ја сними својата прва реклама

Џип некако успева, по основа пари плус содржина, да го убеди Спрингстин за прв пат во својата децениска кариера да сними реклама. Парите не се познати, содржината е, 2-минутно обраќање на Спрингстин од некоја пустелија до Американците за обединување на нацијата - „Да се најдеме на средина“. Плус останатите Супербол реклами што успеавме да ги фатиме.

Дедо да не го заборавите

Кажете дека се имаме разлигавено и дека сме станале кринџ, ама и ние сме луѓе и не можеме секогаш да одолееме на таа магична божиќна и новогодишна атмосфера, време за најблиските, време за нивно радување со подароци кои ќе им ги топлат срцата цела година.

Го прашал некој Дедо Мраз како му е?

Луѓе веќе не се радуваат на подароци како што се радуваа на времето, жени се плашат да седнат на колено и најлошо, 24/7 се разнесуваат пратки. Ништо не е како што беше.

Реклама врсничка на нашата независност

Во чест на американскиот ланец на ресторани Сизлер кој постои од 1958 година а месецов прогласи банкрот (главно заради короната), една нивна реклама од 1991 година, тотално репрезентативна за тоа време, по бои, фризури, музика (USA for Africa) и сè друго. И никогаш да не сте биле во Сизлер, ќе ве фати некако жал што тој свет веќе го нема. Македонија, која во истата таа година стана независна држава, денес уште помалку ја има.

Дома е кај што ти лета дрон со камера

Ринг е компанија во сопственост на Амазон и деновиве го претстави „следниот чекор во безбедноста на домот.“ Камера. Ај што е камера туку што е и дрон. Тој ви лета по дома, вие на телефон гледате што ви се случува по собите. Малку језиво, нели?

Како да рекламираш млеко?

Денес: Видеото треба да пука од оптимизам, хармонична семејна атмосфера со насмеани лица кои шират позитивна енергија а ако спомнуваш крава, ќе користиш деминутив за да звучи послатко.
Некогаш: 

Џа Рул рекламира гиро

Раперот од Квинс меастрално се изБТРриза во една нискобуџетна и упадливо лоша реклама за грчки ресторан. 50 Цент веднаш го истролира: „“Така е кога се закачаш со мене, ќе завршиш продавајќи гира“. 

Зборувајте по дома за порното

Не е проблемот во гледањето порно, проблемот е малолетните што гледаат порно да разберат дека тоа не отсликува ниту однесување, ниту интеракција од реален живот. „Вообичаено снимаме за возрасни, меѓутоа вашиот син уште е дете, па можеби не разбира како всушност функционираат врските,“ порачува голата актерка во новозеландската кампања која ги поттикнува родителите да разговараат со своите деца околу тоа што го гледаат на порно сајтовите.

Лиги сами капат, прости ми

„На баровите им треба живот. На животот му требаат барови“. Вака одамна не сме биле разнежнети. 

И сред пандемија на коронавирус се снимаат реклами

Може се исти и на излгед, и на тон, и на муабет, и личат како да се правени по рецепт, меѓутоа сепак се снимаат, а тоа во моментов е многу поважно отколку разноликоста.

Чаирска романтика 2.0

Како може едно видео кое започнува со ректален преглед на граница, да заврши романтично? Кај Кинезите, ете може.

Старост лудост

Само ќе ви кажеме дека два млади пара играат покер на соблекување. И згодната црнка губи. 

Супербол реклами, жетва 2020

Викендов традиционално се одржа годинешната презентација за тоа што може да се направи од реклама кога на располагање имаш грдни пари, а исто така се играше и некој спортски натпревар.

Супербол рекламите на Трамп за 11 милиони долари

Првичниот план било да се одат со едноминутен блок но подоцна штабот решава пораките да се поделат во две парчиња од по 30 секунди, За реклама од 30 секунди на Супербол (и публика од преку 100 милиони луѓе) се плаќа 5,6 милиони долари. Се има, се може. 

Длабоко вознемирувачко видео

Диор пред нешто повеќе од една година извади една боговски велелепна реклама за Ж'Адор парфемот, со Шарлиз Терон во главна улога. Годинава имаме (дипфејк) римејк на рекламата кој никој не го побара, со Мистер Бин во главна улога. Ужас.

Рекламата што годинава победи за Божиќ

Видеото е на мала британска семејна продавничка за алат и сличен репертоар. Приказната е дека самите ја смислиле, снимиле и направиле, а единствени пари што дале биле 100 фунти за песната (сето ова, и посебно цената, сериозно ни се оспорени од луѓе што работат снимање реклами). На страна кој, колку и што платил, ова е рекламата што секој бренд сака да ја има за божиќната кампања.

Утешувачка реклама

Белрој се ранци (и останата опрема) произведена од конец направен од рециклирани пластични шишиња. Процесот не оди така лесно како на рекламата (веројатно затоа се и толку скапи) ама па и не мора за сè да ја знаеме точната приказна.

Почеток на сезоната на школски масакри

Една од оние бек-ту-скул реклами која почнува стандардно весело за по кратко време да биде мајсторски претворена во хорор што потсетува на ужасите од школските масакри кои народ веќе почна сезонски да ги очекува (за по нив повторно ништо да не се промени).

Базирано на вистинити поплаки

Британски Канал 4 собира сила да ги прочешла критиките што ги добива од гледачите за од нив да извади нешто малку од малку воспитано што може да се искористи за маркетинг и ги става во реклама, и тоа многу успешно.

Да речеме дека Роналдо можел и подобро

Во време на дипфејк, би сакале да веруваме дека ова е најдобриот дипфејк до сега направен. За жал на Роналдо, не е дипфејк, само е многу лошо.

Олд спајс ги прозива сите ваши предвремено паднати соборци од шанковите

Си пиел, си бекријарел, си заглавувал со некого секој викенд (ден), и одеднаш без никаква посебна причина истиот тој човек решава дека дома му е покомотно или дека имал серија за гледање. Е па Олд Спајс нема да го дозволи тоа, а не треба ни вие. Секоја сличност со реалноста е жална.

Порнхаб е новиот Спидо

Порнхаб се махери да произведуваат вести и да се врти муабет за нив. За таа цел овојпат создале машки купаќи (Bonerless Bathing Suit) кои ги поштедуваат мажите од неугодноста од непосакуваните ерекции на плажа. Тврдат дека нивниот дизајн и употребениот материјал го зауздуваат неочекувано разбудениот пријател без да го задават. А може да се носат и чисто за чалам, за само 69 долари да оставаш впечаток дека чуваш Дрогон меѓу нозете.

На Зак не му е проблем тоа што паркирате на места за луѓе со хендикеп

Пораката на видеото е - не паркирај таму каде што не е пишано дека ти треба да паркираш. Пораката на целата кариера на Зак Анер, што по пат неколку пати ја споменува во видеото е - „Being stuck is just a perspective.“