Реклами

Реклама на Гринпис им дојде малку премногу на британските цензори

Божиќната реклама која е соработка меѓу Гринпис и синџирот супермакети Исланд, е забранета во Британија по основа дека содржината и е премногу политичка. Рекламата е цртан со девојче и мајмунче, во кој ова второво се жали дека човекот му ја има уништено целата џунгла во име на производство на повеќе палмино масло и шампони.

Апарат за размена на бонбони

Компанија за слатки смислиле згодна реклама. Направиле автомат во кој се оставаат сите несакани бонбони кои се добиени за Хеловин и за возврат се добиваат нивни благца. Ќе треба ваква за костени и портокали, кај и да е, ќе дојде Коледе.

Мобилните го возвраќаат ударот

Целата штетност од смартфоните, без разлика дали медицинска или општествена, се некако успеваме да ја накалемиме на уредите притоа триумфално давајќи си комплетна колективна амнестија сами на себе, дека не можеме ништо да направиме во врска со тоа што се случува. Од телефонска перспектива работите стојат поинаку.

Хокеарски. Клуб. Кенија.

Нормално дека се единствен ваков клуб во земјата (а веројатно и пошироко), и како такви немаат ама баш никој со кого да се пробаат. Без разлика што дефицитот на противник им го средија само во име на реклама, пак е фино на некого да му направиш мерак.

Дечурланска рапсодија

Џон Луис е ланец на стоковни куќи во Британија кој надвор од островот е познат главно по своите реклами. Ова е уште една рецка во нивното резиме, овој пат со цела банда дечурлана и Боемска рапсодија.

До кампањата и пред неа

Како што е неспорно дека Најк помогна во агендата и борбата на Колин Каперник, така е неспорно и дека хејтот што кампањата го доби во САД направи правичниот дел од јавноста инстантно да заборави дека станува збор компанија која им дава понижувачки плати на работниците во фабриките во југоисточна Азија и затајува милијарди долари данок низ цел свет, без да дискриминира дали тоа е Европа, Африка или Америка. Ова е првата видео реклама од соработката.

Инвестирај во Германија

Ако некогаш имало излишна кампања тогаш тоа веројатно е „Германија работи“,  совршено скоцкана кампања која како да има потреба те уверува дека Германија работи, функционира, истражува нови полиња, народот има долг животен век и што уште не. Генерално ти го кажува сето она што ти го мислиш за Германија.

Нема попоштена реклама од ова

Постојат модерни производи чиј историски багаж толку им тежи што на луѓе не може од глава да им излезе. Некои тоа го сфаќаат па решаваат да ги извадат работите на виделина. Генијално.

Битката Кока-кола вс. Пепси низ децении реклами

Ако некогаш си се сомневал во моќта на рекламата, само следи како џингл на Кока-кола успева да му го привлече вниманието на 5-годишно дете стандардно незаинтересирано за што било околу себе. Не дека Пепси е нешто послаб.

Расизам? Lighten up

Нема шанси на маркетинг тим на компанија како Хајнекен да им се омакне контроверзниот момент во нивниот штотуку повлечен рекламен спот. Ама, битно да се врти муабет. Значи шанкер пушта пиво, пивото лизга и продолжува покрај неколкумина црнци за на крај да застане кај една бела жена. А слоганот на пивото е „Sometimes, Lighter is Better“. Кварно :) 

Ренди да ви покаже како се прави реклама за пиво

Нема причина зошто кој било бренд на пиво би одбил вакво злато од реклама, ама таков е животот и не му е гајле за твоето имање или немање причина па оваа реклама не успева да мине кај „клиентот“ и останува само на Јутјуб.

Оди па снимај реклама за Епл

Рекламата е за Хоумпод на Епл, дело е на Спајк Џоунз и излезе исклучително добра. Ова што сега го имаме е снимањето на рекламата и е неспоредливо со што било друго што се прави во овој жанр.

„Само малку претерано“

Ова е слоганот од новиот официјален спот за промоција на туризмот во Орегон. Според локалци целиот е базиран на вистинити предели од Орегон. Според локални закони марихуаната е легална во Орегон, па не можеме баш да спориме кој што точно гледа во сојузната држава.

Кога Јапонија ќе го повика Холивуд

Како што за добра свиња нема лоша помија, така и за добар хонорар нема лоша реклама, а Јапонците имаат хонорари, а и рекламите не им се нешто страшно лоши.

Најк го врти светот

Планетата прекинува да врти, луѓе во Најк патики пробуваат пак да ја стартуваат и залетаат. Цане Пребранац 2.0.

Реклама во која Миленко не верува

Или Земјата не е рамна и стварно да ти била топка или Стоби имаа мултимилионски буџет за снимање на рекламава. Трето нема.

Абсолут вотка нема што да крие

Тоа што ќе го изгледате е реклама на Абсолут. Тие што ќе ги видите угол голи се автентични вработени на Абсолут. Поентата е - ништо не криеме.

Пуштаме реклами, Супер боул 2018

За секои 30 секунди реклами што ќе ги изгледате, некој има платено по 5 милиони долари за да бидат емитувани на паузите од Супер боул 52. Успеавме да собереме реклами од нешто помалку од 50 брендови што вечерта биле емитувани. Да не одолжуваме, имате баеги за гледање.

Нема да има нов Крокодил Данди, ќе има Супер боул реклама за Австралија

Само еден ден откако излезе трејлер што навестуваше дека Дени Мекбрајд (Кени Пауерс) е главниот лик во некое освежување на Крокодил Данди франшизата, беше објавено дека клипот е најава за Супер боул рекламата за промоција на туризмот во Австралија. По неколку клипови од истата кампања изгледа дека нема познат австралиски глумец што не го прибрале во спотовите, од Хемсворт браќата, до Хју Џекман, Расел Кроу, Исла Фишер, Маргот Роби...

Не е сè во казната

Како што ќе покажат српскиве сообраќајци има и пострашни работи од казна, на пример секој ден од ново и од ново да ја гледаш својата грешка. Српска кампања против брзо возење.

Кутриот невработен копирајтер

Логиката на дечково е, ако си толку добар копирајтер колку што мислиш дека си зошто наместо да кенкаш не земеш да направиш реклама на тема самиот себе и да се шитнеш на некоја агенција.

Најк ги учи Канаѓаните да бидат помалку фини

Темпирано точно со Светско јуниорско првенство во хокеј што се одржа во Канада, Најк 9 дена по ред пушташе нова верзија од рекламата од кампањата „Играј помалку фино“ во која главниот лик станува се помалку и помалку пристоен и фин. Нешто налик Денот на мрморецот да ескалира од ден на ден. Насловот на 9-та реклама е „Не може помалку од ова“.

Да ти се мочам на попустот

Шведскиот гигант и порано знаел да направи контроверзни реклами и адвертајзинг потези но е скроз нејасно каква тоа голема нужда ги натерало во нивната прва маркетиншка финта во 2018 да искористат мала нужда.

Еден час стари божиќни реклами

Од 80-тите години, со послаба резолуција, но помалку напнати, некако почовечки....