Реклами

Реклама во која Миленко не верува

Или Земјата не е рамна и стварно да ти била топка или Стоби имаа мултимилионски буџет за снимање на рекламава. Трето нема.

Абсолут вотка нема што да крие

Тоа што ќе го изгледате е реклама на Абсолут. Тие што ќе ги видите угол голи се автентични вработени на Абсолут. Поентата е - ништо не криеме.

Пуштаме реклами, Супер боул 2018

За секои 30 секунди реклами што ќе ги изгледате, некој има платено по 5 милиони долари за да бидат емитувани на паузите од Супер боул 52. Успеавме да собереме реклами од нешто помалку од 50 брендови што вечерта биле емитувани. Да не одолжуваме, имате баеги за гледање.

Нема да има нов Крокодил Данди, ќе има Супер боул реклама за Австралија

Само еден ден откако излезе трејлер што навестуваше дека Дени Мекбрајд (Кени Пауерс) е главниот лик во некое освежување на Крокодил Данди франшизата, беше објавено дека клипот е најава за Супер боул рекламата за промоција на туризмот во Австралија. По неколку клипови од истата кампања изгледа дека нема познат австралиски глумец што не го прибрале во спотовите, од Хемсворт браќата, до Хју Џекман, Расел Кроу, Исла Фишер, Маргот Роби...

Не е сè во казната

Како што ќе покажат српскиве сообраќајци има и пострашни работи од казна, на пример секој ден од ново и од ново да ја гледаш својата грешка. Српска кампања против брзо возење.

Кутриот невработен копирајтер

Логиката на дечково е, ако си толку добар копирајтер колку што мислиш дека си зошто наместо да кенкаш не земеш да направиш реклама на тема самиот себе и да се шитнеш на некоја агенција.

Најк ги учи Канаѓаните да бидат помалку фини

Темпирано точно со Светско јуниорско првенство во хокеј што се одржа во Канада, Најк 9 дена по ред пушташе нова верзија од рекламата од кампањата „Играј помалку фино“ во која главниот лик станува се помалку и помалку пристоен и фин. Нешто налик Денот на мрморецот да ескалира од ден на ден. Насловот на 9-та реклама е „Не може помалку од ова“.

Да ти се мочам на попустот

Шведскиот гигант и порано знаел да направи контроверзни реклами и адвертајзинг потези но е скроз нејасно каква тоа голема нужда ги натерало во нивната прва маркетиншка финта во 2018 да искористат мала нужда.

Еден час стари божиќни реклами

Од 80-тите години, со послаба резолуција, но помалку напнати, некако почовечки....

Ако продавате кола, набавете си режисер

Жената ја огласува својата стара Хонда за 499 долари. Маж ѝ, режисер, решава малку да ја подбутне работата и да му даде душа на огласот. Хондата (произведена во 1996-та, со поминати 230.000 километри) на крај постигнува цена од 100.000 долари.

Класа реклама за канабис

Канабисот пројде непотребно долг пат за нејзина рехабилитација во очите на јавноста. До пред неколку години мнозинството се ужаснуваше од нејзиниот непостоечки пекол (сè се тоа дрогаши), за денес да се прават вакви, најстрејтерски, скапи и пицнати спотови.

Едно јагне имаме

Ако можеше Нокиа да ги поврзува луѓето, може и ова нашево, си помислиле луѓето од австралиската индустрија на јагнешко месо. Па смислиле спот со Господ, Исус, Мохамед, Буда, Афродита, Мојсие, Ганеш, оној скиентологот Хабард... Поентата на спотот е троа глупа, ама муабетите се добри (Исус прави стари финти со пресврт), а софрата - боговска.

Генерички млади

Тоа што за цела твоја демографија може да се состави комплетно автентична реклама од сток видеа, никако не треба да ја пишмани твојата самоувереност во тоа колку си уникатен и неповторлив.

Готвиме со Јапонки

Рецептот е за ракчиња, состојките ги имате внатре, времето за готвење е 3 секунди. Во овие 3 секунди е целата јапонштина што може да собере една реклама.

Две работи што треба да ги знаете за Индонезија

Прво, ги имаат најјаките маски за мобилни на светот. Второ, ги имаат најјаките реклами за сладолед на светот. Правиш една ваква реклама и се шеташ по Кан, вон конкуренција.

Ѓубриња сте, ама фала ви

Само во Париз и околината годишно 4500 пешаци загинуваат во сообраќајни несреќи. Кампањата што ја прават на темата се базира на нешто налик "сув тренинг за сообраќајка", извади го некого од памет, па види дали ќе памти за друг пат.

Кога работиш со филмски ефекти, а имаш Витара од 96-та за продавање

Многу е едноставно, ако веќе немаш технички спецификации за да ја пофалиш колата, гледај барем да знаеш да направиш добар спот што ќе ја шитне.

Бугарија, ајран ти ќе бидеш

Дилемата со сите оние тетоважи со кинески, јапонски букви беше: од кај знаеш бе дека точно ти го напишале зборот, што во земја во која се грешат тетоважи со англиски зборови е доста здраво размислување и страв. Како што тоа азиското изгледа интересно од оваа страна на светот, така од другата страна на планетава, егзотиката и поимот за квалитет се доловува со зборот "Бугарија", барем кога е во прашање кисело млеко.

Во лудо време кога само разговор и пиво помагаат

Можат ли двајца луѓе кои лично не се познаваат а делат крајно спротивни погледи на жешките прашања да седнат за по некое време да заклучат дека постојат многу повеќе работи кои ги поврзуваат отколку што ги раздвојуваат? Нека не ве обесхрабрува тоа што ова е, во крајна линија, реклама за пиво. Паметните ќе умеат да извлечат поука, на оние другине и буриња ум да истураш пред нив, џабе е.

Гледај и плачи... и плачи

Некако ќе се помириш со делот дека си глуп и трошиш пари што ги немаш (за работи што генерално не ти требаат) ама такво е времето, и тогаш ќе дојде делот во кој ти покажува колку камата плаќаш и ќе плаќаш (не се исти бројките како кај нас, ама исто го јадеш) до крај на живот. Солзи сами капат прости ми...

Жива дојка проговара

Од латинска Америка стигнува една од најчудните кампањи за подигнување на свесноста за ракот на дојката. Бидејќи социјалните мрежи како Фејсбук се поконзервативни од цензорите на СССР и не дозволуваат да се појави женска пупка ни за добра кауза, овие го хакнале проблемот така што на цицките им ставиле усти. А на жена уште таму ѝ фали уста па ние мажите масовно да се замонашиме.

Ангел, викај бре да помагаме!

Имаме едно супер другарче што живее во Бугарија и работи како режисер. И додуша стално нè вика да му отидеме некој викенд во Софија. Проблем е што нè вика само кога НЕ е зафатен со работа. А за да сфатите какво ѓубре од човек е тоа, треба да видите што работи. Еве го неговото последно видеопарче, скоцкано за Златен даб. Нема веќе другари... 

Кога ќе се спојат празници и корисно

Жени, Велигден е и јајцата се во ваши раце. Кампања на германската маркетинг агенцијата Сервисплан и порно сајтот mydirtyhobby.de за ширeње свесност околу ракот на тестиси. Главната експертка од видеото на интернет е позната како Луси Кат.

Биди човек, помогни му на Данец

Овој пат нема да можеш да си ја замачкаш совеста со лајкување или шерување статуси на Фејсбук, туку од тебе се бара конкретна помош - секогаш кога ќе видиш Данец / Данка на сонце, кажи им да се тргнат. Истото важи и за сите останати што се со гејша тен на кожа.