Во нивниот најнов каталог имаат реклама за детско креветче. Таа страница односно понуда доаѓа со вграден тест на бременост кој функционира како класичните тестови, само што овде бременоста се манифестира со откривање купон со детали за попустот.
Што значи, ако муштериката е бремена, ќе треба тоа (и такво) ливче да го однесе во дуќан за да добие попуст: Ако не е бремена, ќе треба по дома да објаснува зошто го измочала каталогот.
Јадни касиерки кои ќе ги собираат „купоните“.