Бугарија, ајран ти ќе бидеш

Дилемата со сите оние тетоважи со кинески, јапонски букви беше: од кај знаеш бе дека точно ти го напишале зборот, што во земја во која се грешат тетоважи со англиски зборови е доста здраво размислување и страв. Како што тоа азиското изгледа интересно од оваа страна на светот, така од другата страна на планетава, егзотиката и поимот за квалитет се доловува со зборот "Бугарија", барем кога е во прашање кисело млеко.

Реклама за киселото млеко Бугарија во Јапонија:


А Бугарија ја има и во Тајланд:

П.С. Вибер лекција од три реда:
1: Знаеш како се вика бактеријата за киселото млеко?
2: Јок!
1: Lactobacillus bulgaricus

(Википедија: Идентификувана е 1905 од бугарскиот доктор Стамен Григоров, и во негова чест го добива името.)

 

4 мај 2017 - 15:24