Адидас извади патики за на Октоберфест

Во пресрет на Октоберфест, компанијата реши да понуди специјална едиција на нивниот популарен „Минхен“ модел која има детали  во чест на пивскиот фестивал но најбитна особина е што се премачкани со специјален DPBR премаз кој ги прави отпорни на пиво од прва рака и на она пиво кое организмот го проценил како вишок. Она DPBR доаѓа од „durable puke & beer repellent“.

* Патиките можат да се нарачаат овде (понекогаш сајтот им е рикнат заради преголема навала)

5 ноември 2021 - 10:33