Со таа идеја, КитКет дизајнирале „Break Mode“, посебна амбалажа која освен што го носи нивното чоколатце, станува затвор за вашиот мобилен. Внатрешноста на пакувањето е обложена со слоеви на бакар и никел кои создаваат Фарадеев кафез, што значи дека вашиот мобилен, кога е внатре, не добива никакви сигнали (повици, нотификации, интернет, блутут...). Со други зборови, физички го заклучувате вашиот дигитален свет за навистина да сте на раат.