Рики Џервеис има своја вотка

Рики Џерваис тврди дека го поседува идеалниот рецепт за вотка и ја има најлошата реклама за неа. Вотката која е негова се вика Дач Барн и се дестилира во северен Јоркшир. Не сме ја пробале па да ви кажеме за тоа. А „најлошата“ реклама ја видовме и одлична е, со онаа префинета а ефикасна британска смисла за авто-иронија и пародирање. Со лекар кој зборува за негативните последици од алкохолот. Пиц-пец.    

Во друго видео, признава дека неговата вотка е од оние скапите. Па ако немате пари, да си купите Смирноф.

Види и ова:

Генијална реклама на Рики Џервејс

 

 

6 март 2024 - 15:04