Наезда комарци на Англија - Тунис

За време на преносот од дуелот Англија - Тунис гледачите можеа да видат како фудбалерите постојано претаат со рацете за да избркаат комарци и мушички на стадионот во Волгоград.

Ситуацијата во градот била таква што во фан-зоната дозволувале да се внесат спрејови против комарци. Во другите градови овој предмет е забранет за внесување.

Познатиот кореспондент на Sky Sports Каве Солекол на ден пред мечот на твитер напиша дека не може да влезе во студио поради рој комарци таму.

„Вакво нешто првпат ми се случува - морав да го откажам јавувањето во живо за Sky Sports поради наезда на мушички и комарци околу хотелот каде е сместена Англија. Во Волгоград е уште поголем проблем. Неделава авиони прскаа против комарци над стадионот“.

Климатизирано и нема мушички

Колегата на Солекол од Sky Герејнт Хјуз се надоврзал: „Уште претходно знаев за проблемот. Летово тие се намножиле а ние сме близу Волга, но не знаев дека има толку многу. Проблем е и што нема ветер. Една жена ме советуваше да се намачкам со масло од каранфил, тоа помагало најмногу. Сега ми е одлично. Просто има мушички. Сега и во Британија да сте, таму исто ги има“.

Новинарот на The Times Хенри Винтер рекол дека имал проблем со комарци во еден од волгоградските музеи но дека не гледа проблем: „Ние сме од Англија (таму има многу комарци). Во светот има многу поголеми проблеми од ова“.

***

Мушичките и комарцит синоќа пред мечот ги нападнаа фудбалерите па докторите им дадоа спрејови со кои се испрскаа (особено Џеси Лингард на кого му влегле во уво)

Јунакот на Англија Хари Кејн кој постигна два гола од кој едниот на крај за победа изјави: „Нам ни кажаа дека ќе има многу мушички, но кога излеговме на терен имаше навистина повеќе отколку што очекувавме. Се испрскавме со спреј. Ни влегуваа во очи и уши но тоа е“.