1. Никогаш не верувај на човек кој има очи преблиску до носот.
2. Секогаш гледај да има барем 25% памук во твоите маици, инаку ќе те чешкаат цицињата.
3. Не заборавај дека ЦИА е составена од дечки чии семејства ги испратиле на Принстон, но кои не ги пуштаат да работат во семејниот брокерски бизнис.
4. Фактот дека некој човек е новинар е доказ за некаква негова карактерна маана.
5. Кога се ракуваш со некого за време на предизборните кампањи никогаш не дозволувај другиот да ти ја фати раката прв - грабни му ја неговата сосе лактот и исфрли го настрана додека минуваш.
6. Пред да тргне процесијата од возила, секогаш оди да мочаш (Ова доаѓа од истиот човек кој наводно во момент на криза се измочал врз таен агент кој го криел од погледи).
7. Не му кажувај на човек да оди бестрага, освен ако стварно не си спремен да го испратиш таму.
8. Кога работите не ти одат, можеш да повикаш секретарка или некој од твојот тим и да му се изнадереш. Ти ќе спиеш подобро, а и тие ќе го ценат вниманието.