СП 2018

Англија во полуфинале на Светско после 28 години!

Дури осум од десет гола Англичаните на ова Светско постигнаа после прекин. По Стоунс против Панама, сега и вториот висок стопер Хари Мегвајер се запиша во листата на стрелците. Англија ќе го чека во полуфинале подобриот од мечот Русија - Хрватска (20 часот).

Светско првенство, четврт-финале:

ШВЕДСКА - АНГЛИЈА 0:2 (0:1)
/Мегвајер 30’, Деле Али 59’/

Пред 42.000 гледачи на прекрасната „Космос Арена“ во Самара, Англија со убедлива игра ја исфрли Шведска од Мундијалот и за првпат после 1990-та година и Светското во Италија, се пласираше во големото полуфинале, нивно трето во историјата:

Офанзивата на „Гордиот Албион“ со гол ја круниса Гари Мегвајер со супер гол со глава, дури осми од прекин од десет гола на Англичаните на Мундијалот досега:

До крајот од првиот дел избраниците на Саутгејт имаа уште неколку шанси од кои најзрела беше онаа на Стерлинг кој го помина противничкиот голман Олсен, но направи чекор повеќе и пропадна можноста да го дуплира водството:

Првото полувреме заврши со водство на Англија од 0:1.

Во вториот дел Англија притисна уште повеќе на гас и тоа им донесе зголемување на позитивата - 0:2. Трипие одлично го проигра Стерлинг кој нафрли а Деле Али со глава несметано ја заби во голот на Шведска:

 

Англија има една титула светски шампион и тоа во 1966’ година на домашно тло. Сега се на пат да „го вратат фудбалот“ дома, како што пеат англиските наввиачи. 

Одличен на голот на Англија беше Џордан Пикфорд, изборот број еден на Саутгејт кој доби многу критики што не го повика Џо Харт но се испостави дека и тоа како бил во право:

Во полуфиналето на 11 јули (среда), Англија ќе игра против подобриот од мечот Русија - Хрватска.