Јасно е дека тоа што некој човек е талентиран за една работа, не мора да значи дека го бива и за други работи во животот. Тоа ви е како на пример, Мирко Попов, кој е талентиран за... добро, не како Мирко Попов.
Универзитетската лига во САД е битна за целата тамошна сцена, и како приход и престиж на самите Универзитети и како инкубатор за големата приказна на НБА. Универзитетите ги држат како студенти најдобрите млади кошаркарски таленти, прогледувајќи им низ прсти на нивните академски перформанси.
Најчесто тоа се прави со еден вид вонредно студирање, кога кошаркарите имаат обврска одвреме навреме да достават некој труд, за да им се важи школувањето а тие да ги исполнуваат потребните предиспозиции за играње во UNC.
Најновиот сеир е врзан со Универзитетот во Северна Каролина кој и порано се поврзувал со лажни курсеви за кошаркарите на својата екипа.
Следната факултетска семинарска е на еден нивен актуелен баскетџија а ја пренесуваме интегрално, заради зачувување на граматичките финеси и општата структура на академскиот труд:
On the evening of December Rosa Parks decided that she was going to sit in the white people section on the bus in Montgomery, Alabama. During this time blacks had to give up there seats to whites when more whites got on the bus. Rosa Parks refused to give up her seat. Her and the bus driver began to talk and the conversation went like this. "Let me have those front seats" said the driver. She didn't get up and told the driver that she was tired of giving her seat to white people. "I'm going to have you arrested," said the driver. "You may do that," Rosa Parks responded. Two white policemen came in and Rosa Parks asked them "why do you all push us around?" The police officer replied and said "I don't know, but the law is the law and you're under arrest.
Добиена оценка за овој труд: А-.