Бредли Лоуери има пет години а веќе долго време важи за најомилениот навивач на Сандерленд, клуб кој со неколку пригодни манифестации му го разубавува секојдневието.
Малиот Бред вели дека најдобар другар му е Џермејн Дефо, легендарниот англиски напаѓач кој во саботата се врати во репрезентацијата на 34 години и постигна гол во квалификациите, прв за репрезентацијата од април 2013-та година и вкупно 20-ти за Англија (прв после точно четири години).
Поврзаноста на Бред со Дефо е крајно симпатична. Дури и кога Дефо отишол да го посети во болница, Бред барал да си легнат заедно а фотографијата на која малиот спие крај напаѓачот стана вирална.
Неговата мајка Гема открила дека нејзиниот син не зборувал за ништо друго откако дознал дека ќе излезе на терен со репрезентативците пред мечот со Литванија. Кога играчите излегоа на тревникот, Дефо го носеше Бредли во рацете а малиот во еден момент едвај ги криеше солзите од среќа.
На Бредли му била дијагностицирана болеста во 2013-та а од тогаш до денес неговите родители за третмани и терапија дале 700.000 фунти. Многу фудбалски клубови и навивачи се јавија да помогнат и да донираат во Бредли Лоуери Фондацијата.
I hope you had an amazing day @Bradleysfight. It was perfect to walk out at @wembleystadium with you... ⚽❤ #BestMates #England pic.twitter.com/mFBpy1MK02
— Jermain Defoe (@IAmJermainDefoe) March 26, 2017
✓ Lo acompañó en el hospital.
— Invictos (@InvictosSomos) March 26, 2017
✓ Lo llevó a partidos del Sunderland.
✓ Lo llevó a su regreso con la Selección de Inglaterra.
GRANDE DEFOE. pic.twitter.com/EV2YGrzARx