Баба му се гледала со Фергусон а тој заигра за Ливерпул

Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.

Англија и Белгија одиграа натпревар пред кој селекторот на Белгијците Роберто Мартинез изјави дека негова приоритетна задача е да ги провери играчите кои играа помалку а резултатот му е помалку важен.

Двете селекции синоќа направија по 8 односно 9 измени од стартниот состав и цело време играа речиси пријателска средба која имаше интересни моменти.

На пример еден од најактивните во составот на Англија беше 19-годишниот Трент Александер-Арнолд, петтиот англиски тинејџер во историјата на нивните Светски првенства (после Мајкл Овен, Арон Ленон, Рахим Стерлинг и Лук Шоу).

На синоќешниот меч против Белгија тој беше лидер во Англија по создадени шанси за гол (2), трет по прецизни додавања во финалната третина од теренот (12) и одговори на сите задачи.

***

Во 2015 година Стивен Џерард со солзи го напушти Ливерпул и напиша интересна автобиографија. Во неа неочекувано се нашол и малиот Александер-Арнолд, тогаш 16-годишен играч од средниот ред а не десен бек.

„Има долги нозе но мошне силен корпус. Велат дека поседува се да стане топ-играч. Има правилен однос кон играта. А плус што е од Вест-Дерби, скаузер. Јас кога растев се угледував на Џон Барнс и Стив Мекманаман, можно е тој сега да сака да тргне по моите стапки. Може да игра шестка како последен играч од среден ред. Прилагодлив играч е, викаат дека може да покрива неколку позиции“, напишал Стивен Џерард во својата автобиографија.

После една година од излегување на автобиографијата на капитенот, Трент почнал постојано да тренира со првиот тим на 17 години. Играл и во натпреварите од предсезоната, го ставија и на првиот меч во Лига Купот против Тотенхем и така му се допаднал на Јирген Клоп кој наскоро го „фрлил во оган“ во големото дерби против Манчестер Јунајтед.

Тоа бил посебен момент. Не само зошто голем навивач на Ливерпул го играше првиот меч во Премиер лига на епскиот „Олд Трафорд“. Тука се криела цела необична семејна драма.

Баба му на Трент е родена во Глазгов и во младоста се гледала со тогаш уште не титуларниот Сер, туку со едноставното момче Алекс Фергусон.

Најголемиот тренер на Јунајтед на сите времиња напишал во својата автобиографија дека тоа била негова прва сериозна врска. Заедно со баба му на Трент Арнолд биле пола година.

Потоа баба му на Александер-Арнолд се преселила во Њујорк и набрзо се омажила (затоа Трент можеше да бира дали ќе игра за САД).

****

Малиот Трент дошол во академијата на Ливерпул во 2004 година кога имал само 6 години. Се се случило случајно и спонтано.

„Во класот дојдоа и нè прашааа: кој сака да се запише во академијата на Ливерпул? Едноставно сите кренаа рака нормално. Подоцна дојде време за ждрепка и јас се најдов на списокот: моето име го извлекоа од куглата“, се сеќава Арнолд.

На проба на тренерите им требало само 30 минути да го викнат Трент да тренира редовно кај нив.

Александер-Арнолд можел да оди и во Манчестер Јунајтед. Дедо му Александер работел во управата на Јунајтед, а дури и самиот Фергусон го прашал Трент зошто не дојде да се проба на „Олд Трафорд“. Одговорот бил дрзок: „Мајка ми не сака да вози по автопат“.

Мајка му Дијана секогаш била близу младинската екипа на Ливерпул. Во академијата на „црвените“ во Киркби носела роденденски подароци а еднаш на сите деца им донела крофни.

****

Арнолд брзо се одвојувал од другите деца по талентот што го поседувал. Стана стандарден првотимец кај Јирген Клоп во омилениот дрес и наскоро доби повик во репрезентацијата на Англија.

После неколку настапи се најде на списокот патници за Светско каде синоќа против Белгија ги хранеше со топки Варди и напаѓачите.

Александер-Арнолд уште живее со мајка му и браќата. Тој се плаши да се пресели во своето старо маало зошто знае дека брзо може да западне во искушенија.

„Многу млади играчи рано почнуваат да живеат сами. Заработуваат грдни пари и мислат дека можат да се справат со се но не е така. Семејството се грижи за мене и дозволува да забегам. Без нив немаше да бидам тука каде што сум сега“, вели Трент во интервју за БиБиСи.

Од мал многу сакал да игр шах - родителите сметале дека оваа игра повеќе ќе му го развие мозокот отколку фудбалот. Тој и сега во карантин во хотелите игра шах, најчесто со уште еден млад фудбалер на Ливерпул, шпицот Бен Вудберн.

Трент Александер-Арнолд расте во голем играч а во истовреме се исполнува прогнозата на Џерард за малиот „скаузер“.