После мечот кој Јунајтед го доби со фантастичен пресврт и головите на Бруно Фернандеш и Кавани, еден навивач на Манчестер (според некои, близок другар на Кавани) го пофалил уругвајскиот шпиц и напишал „Многу те сакам, Матадор“.
А Единсон во одговор прави репост на објавата на пријателот со натпис Gracias negrito (во буквален превод „Фала црнче“).
Кавани подоцна објави фотографија со пријателот на кого се однесува репостот:
Во речиси сите европски лиги терминот „негрито“ се однесува на навреда на расна основа. Во англиската Премиер лига минимална суспензија за дискриминирачко поведение на социјални мрежи е 3 меча плус парична казна.
Според Дејли Мејл, Кавани го користи терминот кој е општоприфатен во Јужна Америка и со него се изразува симпатија. Уругваецот е спремен да го докаже тоа пред дисциплинската комисија и во прилог на таа теза би одело и тврдењето на соиграчите дека на англиски знаел само да каже: "tomorrow off" после победите.
Значењето на овој збор negrito во Јужна Америка, континент во кој репрезентациите имаат бројни црномурни фудбалери, најдобро го објаснува Луис Суарез во својата книга. Шпицот кој се прослави во Ливерпул и Барселона а денес решета во Атлетико Мадрид, во минатото имаше многу непријатности поради ова.
„'Негро' може да се однесува на кој било човек со темна коса или со црна боја на кожа и тој збор на шпански го користам цел свој живот. Жена ми понекогаш ме вика „негро“ или ласкаво „негрито“.
Баба ми го викаше дедо ми “негрито“ и понекогаш и мене. Многу јужно-американски фудбалери се познати по прекарот El Negro.
Како по правило, зборот се употребува во дружељубив манир, но дури и ако не е така, тој нема расистичка основа, никакви навреди или дискриминација затоа што си црномурен“.
За разно толкување на зборовите „негро“ и „негрито“ во јужно-американската и британската култура, Луис Суарез може да напише цела книга.
Во 2011-та година го казнија дури 8 меча и 40.000 фунти зошто при еден дуел му рекол на Патрис Евра „негро“ и тогаш призвукот беше поинаков затоа што бил кажан во жар на жестока борба на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед и никако не беше дружељубив.
На следниот меч играчите на Ливерпул облекоа маици со слика од ликот на Суарез како слави гол а на грбот имаше негов број и презимето. Во таква маичка Кени Даглиш даде и интервју.
Интересно, суспензијата на Суарез му истече токму пред големото дерби со Манчестер. Стивен Џерард во една прилика раскажал што се случувало пред големата битка. Го прашал Леива дали може пак нешто слично да се случи.
„Лукас ме увери дека нема да има проблем. Суарез му кажал дека е спремен да му пружи рака на Евра. Но наместо тоа тој направи одвратен гест. Суарез одеше пред мене и не му пружи раа на Евра. После тоа Алекс Фергусон ја нарече срамна постапката на Луис и посака никогаш веќе тој да не игра за Ливерпул“, напишал Џерард во автобиографијата.
Сосема неодамна и Џордан Хендерсон се присети на тој инцидент во документарниот филм на Антон Фердинанд (брат на Рио кој имаше слични проблеми со Џон Тери).
„Кога ја гледам ситуацијата денес, не сум сигурен дека Ливерпул постапи правилно. Ние играчите во екипата мислевме само на тоа да го заштитиме Луис и не помисливме на Патрис. Мислам дека згрешивме уште од почеток. Ако луѓето ми укажуваат на нешто, тогаш ќе преземам целосна одговорност.
Луѓето велат: „Вие многу доцна реагиравте. Но сметам дека подобро подоцна отколку никогаш“, рекол капитенот на Ливерпул.
Во јануари 2020-та Евра добил писмо со извинување од Питер Мур кој тогаш беше директор во Ливерпул.
„Многу бев разочаран што така голем клуб како Ливерпул го поддржа Суарез. Но сега гледам дека во клубот работеа и работат чесни, прави луѓе. Дури сега повеќе го ценам Ливерпул зошто се бори со расизмот.
Така што не бев многу задоволен. Тоа беше важно за мене. И покрај тоа што имаме голем ривалитет, постапките подоцна покажаа дека Ливерпул е клуб од највисока класа“, рече Евра во студиото на Sky Sports.
Трој Дини, легендарниот капитен на Вотфорд смета дека во случајот со Кавани нема смисла да се жести ситуацијата и да се повтори казната на Суарез.
„Кога пишуваш нешто, ти го размислуваш. Во 9 од 10 случаи го читаш текстот пред да го објавиш зошто не сакаш да испаднеш идиот. И кога ниеднаш веќе нема да помислиш: „Ова е неисправно“ пак нешто те вознемирува.
Сфаќам дека сега кај нас суспензијата е три меча, но би сакал да знам дали Фудбалската асоцијација на Англија ги образува играчите кои доаѓаат од странство. Не мислам дека Кавани некого сакал да навреди, така што треба да се подучува што е исправно а што не.
Кавани веројатно бил радосен после голот, така што сметам дека немал намера да навреди. Просто не ги разбрал последиците од пишаниот збор.
Мислам дека три меча е доволно. Но тоа треба да бидат три меча суспензија со обука и разбирање дека тие зборови нанесуваат бол на некои луѓе“, изјавил Трој Дини.
Доколку Кавани добие суспензија од три меча, ќе се врати за мечот со Лидс Јунајтед. Иронично, ако Кавани добие драконска казна како Суарез пред 9 години, тоа значи дека прв меч после суспензијата би му бил против Ливерпул.