Тргна од родниот Уругвај (Данубио), па Италија (Палермо, Наполи), Франција (ПСЖ), Англија (Манчестер Јунајтед), Шпанија (Валенсија), ама никогаш не осетил што значи да те пречекаат навивачите на Бока Јуниорс кои имаат посебна страст за фудбал. Новата авантура ја стартува како ветеран на 36 години и тоа со легендарната 10-ка која ја има носено Марадона, а потоа и Рикелме.