Табарез пати од хронична невропатија и одбива да зборува за своите здравствени проблеми кои се мошне сериозни.
Оскар пати од синдромот Гилен-Баре. Тоа е мошне ретка состојба - автоимуно заболување на периферниот нервен систем. Овој синдром води кон нарушено дишење, слабост во мускулите а со време се јавува и парализа на нозете која може да прејде и на рацете.
Во најтежок случај синдромот Гилен-Баре завршува со целосна парализа или смрт како резултат на прекин на работата на срцето. За среќа овој редок синдром се лекува и процентот на излечени е многу висок (меѓу излечените се и фудбалерите Морген Вигхорст и Маркус Бабел кој играше за Ливерпул).
За дијагнозата на Табарез се дознало пред пар години, иако јавноста одамна забележала дека Уругваецот има проблеми со здравјето: со бастун се појавил уште во 2013 година. Тој на почеток велел дека заработил „механичка повреда“ и после операцијата на кичмата одново почнал да оди самостојно без помош.
Но наскоро му се вратил на бастунот, а на Копа Америка 2016 се појавил во електронска инвалидска количка.
Дури и тогаш Оскар се трудел да не го забележуваат и ведро ги држел прес-конференциите. Но сите сфатиле дека нешто не е во ред затоа што порано Табарез љубел да поигра фудбал со играчите на тренинг.
Уругвајскиот селектор за сето ова време ниту еднаш не ја прекинал работата во репрезентацијата поради болеста. Во 2016 кога дознале за синдромот Гилен-Баре тој им кажал на луѓето од федерацијата дека ништо не му смета да ја води селекцијата.
Во Уругвај го викаат „Учителот“ (во време и по завршување на играчката кариера предавал во школо). Во 2010 година Уругвај со него на клупата стигна до полуфиналето на Светско првенство а во 2011 го освои големиот трофеј во Копа Америка.
„Не живеам со болки. Таа невропатија ми прави проблеми само при одење. Но тоа е хронична болест па понекогаш се чувствувам малку подобро“, го цитира уругвајскиот селектор The New York Times.
Дури и со таков труд и напор, Табарез ја однесе својата репрезентација во осминафиналетоо на Светското првеенство 2018. Останува да се види само дали од прво место или од второ.