ШТО СЕ СЛУЧИ?
Парижаните во 82’ минута добија пенал кој го заработи Килијан Мбапе. Топката во раце ја зема Нејмар кој последен шутираше пенал за ПСЖ (на 4 декември со Нант). Бразилецот веќе постигна гол и можеше да си го подобри учинокот на мечот, но се сети и со уважување му го даде фудбалот на Кавани.
Единсон добро го прифати гестот на О’Неј кој знаеше дека Уругваецот некое време не играше поради повреда и му треба гол за да врати самодовоерба:
Кавани е најдобар стрелец во историјата на ПСЖ. Сигурно го реализираше пеналот во десен агол а во следната секунда Нејмар му скокна од радост во прегратка:
Инаку оваа сцена е многу, многу поинаква од онаа која наполни 2 години.
Имено во септември 2017 година Кавани и Нејмар се за’рчкаа за време на мечот со Лион, кој да изведе пенал, дури имаше и мал физички контакт со туркање. Тогаш Дани Алвеш некако ги раздвои и на крај Кавани шутираше. Двајцата некое време биле во лоши односи, а Нејмар еднаш дури и барал од управата да го продаде Единсон.
После пар месеци оваа историја имаше продолжение: Нејмар против Дижон одигра чудесен меч со 4 гола и 2 асистенции, но навивачите го исвиркаа поради тоа што беа на страна на Кавани, кој дента можеше да го сруши рекордот на Ибрахимовиќ по најмногу постигнати голови.
Уругвајскиот репрезентативец првпат дава гол сезонава во Лига на шампиони. Тој малку играше во првиот дел од сезоната поради повреда која што ја заработи во 3. коло од француската Ла Лига. Пропушти цели 2 месеци, а за тоа време Париз го освои Мауро Икарди, фудбалерот кој дојде од Интер и како позајмен играч веќе има 12 гола на 15 натпревари.
Од октомври Кавани само еднаш се најде во стартниот состав а во ЛШ цело време седи на клупата за резерви. Против Галатасарај доби 23 минути.
Договорот на Кавани со ПСЖ истекува следното лето. За него сериозно се заинтересирани Атлетико Мадрид и ЛА Галакси.