Таг: псж

Види го ти неранимајко голманот на ПСЖ

Матвеј Сафонов знае да се забавува, а со тоа и да ја одржува атмосферата на клупата на ПСЖ, кој се спрема да ја брани титулата во ЛШ.

Како изгледаше тренингот на Баерн во очи на дуелот со ПСЖ?

Реваншот меѓу Баерн и ПСЖ нема абер да почне, а Алијанц арена веќе се тресе. Погледнете ја оваа атмсосфера на тренинг. Луда работа.

Лудница во Париз за паметење со 9 гола

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Интересен податок за Баерн и ПСЖ кои 6 години не можат да се одминат

Во пресрет на вечерашната мега битка во ЛШ меѓу гиганите за кои успех е само титулата, излезе еден занимлив податок. Баерн и ПСЖ се соочуваат шест сезони по ред во елитното натпреварување и тоа секоја сезона во различна фаза, од групна до финале. ПСЖ победил само еднаш, Баерн шест пати.

Барселона победи во Мадрид, но се простува од ЛШ

Фудбалерите на Барселона ја загубија драматичната војна на Метрополитано со недоволен триумф за полуфинале. Со головите на Јамал и Торес имаа одличен резултат во 24 минута кои ги носеше во продолжениja. Лукман во 31-ва минута ги постави конечните 1:2. Барса доби црвен и се соочи со поништен гол со ВАР за 1:3. Другиот меч мина без возбуда. ПСЖ победи со идентичен резултат како во Париз.

Го имаме ли најатрактивниот хет-трик некогаш виден во Франција?

Сте виделе ли до сега некој да постигне три гола на еден меч, ама сите јаки и тоа два со ножички? И тоа не е ова дело на напаѓач, туку на Жоао Невес од ПСЖ, кој има само 20 години и игра во среден ред. Тулуз - ПСЖ, конечни 3:6.

Малерозен крај на Тотенхем, остана без трофеј после водство од 2:0

ПСЖ под водство на Луис Енрике стигна до трофеј број 4. После првенството, Купот и Лигата на шампионите, успеа да го освои и Супер Купот на Европа.

Ретко некој да си поигрува вака во шеснаесетникот на Реал

ПСЖ дефинитивно е најголема фудбалска сила сезонава во Европа, а му преостана уште Челси за да докаже дека е број 1 и во свет. 4:0 го шинаа Реал. Погледнете што им правеа на кралевите Бредли Баркола и Гонзало Рамос. Како мали деца ги играа.

Потоп на кралевите, ПСЖ убедливо до финале

Европскиот првак е немилосрден и уште еднаш им покажа на големите екипи дека сезонава е најсилен. Му преостана уште само еден тест. Челси.

Фејк е ова така?

На Твитер се врти една фотографија од наводната кореографија на навивачите на ПСЖ, кои ги ремететат гостите од Лондон, како и Сака со помош на Антони. Не ќе да е вистина.

Војна е ова или славје за пласман во финале?

ПСЖ го елиминираше Арсенал и по пауза од 5 години повторно ќе игра финале во ЛШ. Но во Париз синоќа било хаос. Твитер профилите наменети за ултраси, пишуваат дека северноафрикански и алжирски банди уништувале коли, автобуси, дуќани, ја напаѓале полицијата и така „ја славеле“ победата.

Каков е овој залет за пенал во полуфинале?

Добро, не ве нервира ова? Во што се состои измамата тука?

Проектил на Фабијан Руиз, ПСЖ - Интер е финалето во ЛШ

ПСЖ го уништи сонот на Арсенал и со две победи обезбеди заслужено финале во ЛШ кое се игра на 31 мај во Минхен. Прекрасен гол на Фабијан Руиз и гол на Хакими. Топџиите со слаба артилерија. Одговорија само со гол на Сака, единствен во двобојот. Второ финале за ПСЖ, седмо за Интер кој има три трофеи во најелитното клупско натпреварување на континентот.

Паркот на принцовите блесна против Арсенал

Навивачите на ПСЖ се потрудија бајаги за реванш полуфиналето од ЛШ, што не може да се каже за домаќините на првиот дуел.

Трите 100% шанси на ПСЖ

Донарума на два пати вечерва го спасуваше ПСЖ да не прими гол, но и на другата страна се редеа чисти шанси за гол. Дезире Дуе, Бредли Баркола и Гонзало Рамос ги имаа најзрелите за тимот на Луис Енрике.

ПСЖ го освои Лондон и се доближи до финалето

Шампионот на Франција оствари голема победа на Емирати и со минимална предност влегува во реванш полуфиналето од ЛШ, кое се игра веќе следната недела.

Интер и Симоне Инѕаги во 8 дена направија од готово вересија

Барселона, ПСЖ и Интер беа единствените три екипи во битка за тројна круна. Последниве клапнаа тогаш кога требаше најмногу да притиснат на гас. Се чини ЛШ им е спасот на сезоната.

Феноменалните паради на Донарума кој го спаси ПСЖ од елиминација

Астон Вила вечерва против ПСЖ дефинитивно го одигра најдобриот меч сезонава во ЛШ. Кај победија 3:2 со пресврт, па уште и имаа неколку чисти шанси за повисока победа и сензационален пласман во полуфинале. Пречката им се викаше Џанлуиџи Донарума.

Барселона растур систем, ПСЖ помалку убедлив

Тимот на Ханси Флик ја оствари најубедливата победа на првите четвртфиналните средби од ЛШ и е речиси во полуфинале. Ја растури Борусија Дортмунд со 4:0. Двоен стрелец Левандовски. Астон Вила избегна дебакл во Париз и загуби од ПСЖ со подносливи 3:1. Реваншите се следната недела.

Еве пијам пиво, гледам ЛШ на тв, а истовремено и млатење во живо

Вечерва во ЛШ се среќаваат ПСЖ и Астон Вила. Имаме увертира од двобојот на нивните навивачи кои се сретнаа пред бар. 3.000 гостински навивачи отпатуваа во Париз и покрај тоа што добија 2.000 карти.

ПСЖ предвреме си заврши работa, како е во другите првенства?

Се танчи фудбалот за оваа сезона. За помалку од два месеци завршуваат сите првенства. ПСЖ е веќе шампион, а од другите лиги, само Ливерпул речиси сигурно ќе пука шампањско. Во битката за ЛШ е хаос скоро секаде.

Податок кој може ќе ви се најде за во кладилница

Екипи како Ливерпул, Интер и Баер Леверкузен сезонава имаат по еден пораз во првенство, Наполи и Реал по два, Барса три, Сити четири. Излезе статистика од топ 9 лигите, од единствените екипи кои немаат загубено натпревар. Јуве како претплатен на реми.

Голманот на Жирона направи кикс, недозволив за ЛШ

Сензацијата во шпанскиот фудбал минатата сезона, имаше 90 минути изненадувачко реми на гостувањето во Париз, но радоста им ја расипа голманот Газанига кој прими смешен гол кој му е препишан како автогол. Бојан Миовски не доби шанса за деби во ЛШ.

12 годишното проклетство на ПСЖ

Точно е дека во нокаут фаза постојано им паѓаат гиганти, како на пример три пати Барселона, а по два пати Реал, Баерн и Сити, ама точно е и дека потрошија астрономски 1,5 милијарди за да ја освојат Лигата на шампионите. Врвот во овие 12 години им е само едно финале.