Интер и Симоне Инѕаги во 8 дена направија од готово вересија

Барселона, ПСЖ и Интер беа единствените три екипи во битка за тројна круна. Последниве клапнаа тогаш кога требаше најмногу да притиснат на гас. Се чини ЛШ им е спасот на сезоната.

Кога на почеток на месец март, новинар го праша Симоне Инѕаги дали целта им е двојна круна, тој го гестикулираше бројот 3.

Тогаш Интер беше на 1 бод пред Наполи, 3 од Аталанта, во Куп беа пласирани во полуфинале, а во ЛШ осминафиналисти со предност од првиот дуел против Феенорд од 0:2.

Големите амбиции на Инѕаги пропаднаа во една недела во која ги остварија следниве резултати:

20 април: Болоња - Интер 1:0
23 април: Интер - Милан 0:3
27 април: Интер - Рома 0:1

Интер се прости од Купот на Италија во градското дерби и покрај тоа што игра далеку подобра сезона од Милан.

Потоа загуби 6 бода во Серија А и по долго време остана без лидерската позиција. Сега поблиску до Скудетото се Наполитанците кои ги искористија нивните два кикса и им избегаа 3 бода. Наполи 74, Интер 71.

На Интер во прилог не му оди ниту распоредот, бидејќи имаат гостување против незгодниот Торино и го пречекуваат Лацио кој гризе за четврто место.

Во меѓувреме ги чека двобој во Лига на шампиони против силната и полетна Барселона, што значи дополнителен напор и тоа една по друга недела.

Распоредот на Интер и Наполи до крај:

30 април: Барселона - Интер
3 мај: Интер - Верона
6 мај: Интер - Барселона
11 мај: Торино - Интер
18 мај: Интер - Лацио
25 мај: Комо - Интер

3 мај: Лече - Наполи
11 мај: Наполи - Џенова
18 мај: Парма - Наполи
25 мај: Наполи - Каљари

Во ваква ситуација, Наполи со три победи и едно реми и математички е шампион, без разлика на резултатите на Интер.

Сега единствените две екипи во игра за тројната круна, вклучувајќи ја Лигата на шампиони се Барселона и ПСЖ. 

Каталонците ја освоија Копа Дел Реј и плус атакуваат на титула во Ла Лига каде им бегаат 4 бода на Реал.

Парижаните се веќе прваци на Франција, а на 24 мај играат финале во Купот против Реимс.

Финалето во ЛШ кое е можно помеѓу овие две екипи е закажано за 31 мај.

28 април 2025 - 11:53