Интересна сцена од дербито Интер - Милан во Купот на Италија. Тео Хернандез во еден момент го измами својот чувар на необичен начин. Со трк позади Симоне Инѕаги. И тоа му успеа.
Новинар го прашува Симоне Инѕаги дали Интер оди на двојна круна, ама доби друг одговор кој не е воопшто лесен за остварување. Во Серија А се први, ама на само 1 бод пред Наполи и 3 од Аталанта. Во Куп се стигнати до полуфинале каде ги чека градско дерби, а во ЛШ се осминафиналисти со предност од првиот дуел против Феенорд од 0:2. Последен кој донесе тројна круна во Милано е Жозе Мурињо во 2010-та.
Интер - Аталанта е првото полуфинале во Супер Купот на Италија кое се игра вечерва, а другата двојка во петок е Милан - Јувентус. Газета дело Спорт потсети на еден кус дијалог меѓу Клаудио Лотито и Симоне Инѕаги по кој се разладени односите на двајцата тренери. Се работи за вечера после финалето од Купот на Италија 2019 кое го доби Инѕаги со Лацио.
Едниот се бори за Скудето, другиот за промоција во Серија А. Како играчи, беа далеку од тоа дека еден ден ќе бидат тренери, но останаа во вториот фудбалски живот. Често се слушаат на телефон и зборуваат многу на тема фудбал.
Легендарниот напаѓач на Арсенал доби прашање од кој тренер е воодушевен како работи тактички, а тој го издвои Инѕаги кој го следи уште од времето на Лацио. Го објасни неговиот систем на игра 3-5-2 и му се допаѓа тоа што игра со двајца напаѓачи. Проблем е како се сретнеш со него во Куп, а тоа го осети на своја кожа и Манчестер Сити во финалето од ЛШ, вели Анри.
60% посед на топка, 23 удари од кои 7 во рамки на гол, наспроти 0 удари во гол на Лацио. Интер не само што славеше убедливо 3:0 во полуфиналето од Супер Купот на Италија, туку и тотално ги надигра Лацијалите. Финалето против Наполи е вечерва со почеток од 20 часот. Погледнете ги како везеа и тоа при решен натпревар.
Симоне Инѕаги е можеби еден од најпотценетите тренери, кој да не заборавиме успеа да го однесе Интер во финале во ЛШ. Погледнете ја оваа шема со многу итриштина. Го враќа Барела како стопер, а важна улога во акцијата изненадно му дава на Ачерби, инаку задолжен за одбрана.
Како играч секогаш во сенка на брат му Пипо, но како тренер приказната е сосема поинаква. Кој би рекол дека сезонава ќе ги вкрсти копјата во финале на ЛШ?
Страшен финиш сезонава бележат фудбалерите на Интер и сосема неочекуван со оглед на тоа што до неодамна беа во ужасна резултатска криза, а клупата на Симоне Инѕаги висеше.
Петти се во лига, моментално надвор од пласман во наредната сезона во ЛШ, а истовремено со една нога се во полуфиналето на актуелната сезона во ЛШ. Како е можно еден ист тим да постигнува толку различни, речиси спротивни резултати?
Според ова видео може да се утврди кој вика по играчите најмногу од клупа. Слушнете ги гласовите на тренерите на Наполи и Лацио после гостувањата против Удинезе и Парма. Гатузо направи шоу во негов стил, а Инѕаги едвај кажа два збора.
Симоне Инѕаги важи за доста темпераментен тренер кој често скока и трча покрај аут линија. Денеска беше и во улога на асистент во играта на Лацио при изведениот аут на Марушиќ и тоа буквално, а од таа акција Лацио израмни во 95-та против Јуве со помош на неверојатниот џокер Фелипе Каиседо.
Несекојдневни и уникатни се овие сцени, двајца браќа да се тренери во иста лига, па уште и да им се падне на првиот меч да играат во ист термин. Мислите им бегаат еден кај друг, а најтешко им дома на родителите, кои истовремено се екстра горди.
Викендов во италијанскиот фудбал се поклопи една ситуација, односно коинцидент кој толку е неочекуван, што можеби и се нема случено во друга лига. Тренерите на првопласираните екипи во прва и втора лига се браќа.
Да се даде еден гол во елитното друштво е подвиг, а камоли 4 или 5 на еден натпревар. Тоа му појде од нога на Серж Гнабри од Баерн Минхен кој влезе на листата од 12 играчи кои постигнале по 4 гола на 1 меч во новиот формат на ЛШ (од 1992). Само двајца броеле дури до 5 гола.
Интер и Лацио одиграа доста драматичен финиш во четвртфиналето од Купот на Италија. По регуларните 90 минути, гостите поведоа преку Имобиле во 108-ма минута, а домаќините со помош на ВАР добија пенал во 121-ва за 1:1 и пенали. Лацио славеше со 4:3, а исклучениот Симоне Инѕаги збесна од радост во позадина. Се молеше кога Лукас Леива се местеше да го изведе последниот пенал. Какви стресни моменти се ова.
Италијанскиот фудбалски шампионат до сега не памети ваков натпревар. Болоња vs Лацио, Филипо против Симоне Инѕаги. За прв пат ќе се сретнат двајца браќа – тренери. Да не си им во кожа на родителите кои дури не сакале да одат на стадион.
Судиското продолжение од синоќешниот натпревар меѓу Лацио и Милан беше донесе драма и малку тензија. Прво Кореа го спаси домашниот тим од пораз во 94-та минута, а потоа Симоне Инѕаги му се инаетеше на судијата откако доби црвен картон за приговор.
Се вика Симоне Инѕаги, тренер е на Лацио, има врвна сезона и се бори за Лига на шампиони. Ама наоѓа време и да му го направи ќеифот на син му пред куќа. Тоа е тој маалски шмек, коли проаѓаат, а ти не се откажуваш, а плус те знаат сите.
На првото видео што го објавивме тренерот на Лацио од многу радување беше готов да се струполи на земја и некако до некаде се задржа, ама затоа овој пат го направи падот на годината...
Некогашниот напаѓач на Лацио кој многу подобро се снаоѓа како нивни тренер, блескаше од радост кога Лацио поведе 0:2 во Киев и го завери пласманот во топ 8 од ЛЕ. Ама изгледа кондурите му клизаат како копачките.
Само е прашање на време кога претседателот на Лацио Клаудио Лотито ќе се ракува со милионерите од Париз, Мадрид или Манчестер за успешно завршена зделка за детето кое седеше на клупа во новосадска Војводина а од кого Римјаните направија ѕвер.