Оваа фудбалска историја ја испишаа браќата Инѕаги кои станаа први тренери кои се лидери со своите екипи во Серија А и Серија Б.
Одложувањето на дербито Интер и Јуве поради корона вирусот најдобро го искористи Лацио кое како најголемото изненадување оваа сезона стигна до првата позиција на табела. Симоне Инѕаги му бега 2 бода на Јуве и има фантастичен скор од 19 победи, 5 нерешени и 2 порази.
Истовремено Беневенто, под водство на Пипо гази во Серија Б и има бодовна разлика од дури 17 бода пред второпласираниот Фрозиноне. Нивниот скор е 19 победи, 6 нерешени и 1 пораз.
Со триумфот од 2:0 против Болоња, Лацијалите ја зголемија неверојатната низа од 21 меч без пораз и поради тоа што Ливерпул загуби од Ватфорд, сега се екипа со најголема позитивна серија во Европа. Замислете лидери во Серија А во месец февруари не биле од 1999-та, кога Инѕаги беше нивен играч.
Пипо пак успеа да го направи Беневенто прв италијански второлигаш со освоени 63 поени по 26 кола.
Браќата Инѕаги немаат никогаш играно во ист клуб, но затоа заедно имаат заиграно за репрезентација. Тоа се случи во ноември 2000-та на пријателска против Англија на Деле Алпи.
Играа само 11 минути, ама и тие се бројат. Симоне влезе во 61-ва место Марко Делвекио, а Пипо кој беше стартер беше заменет со Дел Пјеро во 72-ра. Италија го доби тој меч благодарение на голот на Гатузо.
Кој би рекол дека овие двајца напаѓачи ќе станат добри тренери. Мама и тато горди и на двајцата.