Во Пјаченца, родниот град на браќата Инѕаги оваа божиќна вечер помина без гости. Џанкарло и Марина сами го одбележаа големиот празник, без синовите и внуците.
Филипо го држи тимот на Болоња во карантин, а Симоне со своите избраници ќе се качи на воз на Термини на релација Рим – Болоња.
Првиот Боксинг деј во историјата на Серија А донесе новост, односно уште една историја. За прв пат ќе се гледа братски дуел меѓу двајца тренери. Едниот води битка за топ 4, односно ЛШ, а другиот брка опстанок.
Што значи овие празнични денови се повеќе стресни за нивните родители, отколку што се за славење, бидејќи постојат големи шанси само едниот син да излезе насмеан од терен.
Имаа еден познат дуел овие две познати напаѓачи, но кога беа во играчките денови. Се работи за онаа епска битка меѓу Лацио и Јуве за Скудетото пред 18 години. Додека Пипо тагуваше во Перуџа која по големото невреме ја шокираше Старата Дама, Симоне славеше титула во Рим.
Се сретнаа и како тренери во младинските категории, а таму Симоне со Лацио го совлада својот брат кој го водеше Милан со 2:0. Натпревар кој се одигра на 16 март 2013-та во рамките на еден турнир.
„Бев потпретседател на Сан Николо, а претходно играв во Либертас и брзо прекинав. На 16 години тренерот ми рече: Треба да ти дада еден совет, а тоа е подобро да го смениш спортот. Но страста ми остана, но им ја пренесов на Филипо и Симоне. Ги носев на стадион да ја гледаат Пјаченца. Пипо имаше 9, а Симоне 6 години. Доаѓаа и кога врнеше снег, а идол им беше Коркакини, кој играше и во Милан, а денес е тренер. Се сеќавам дека го чекаа за фотка. Пјаченца тогаш беше во Серија Ц1. Никогаш не сум им купил друг подарок освен топка. Само тоа го сакаа. Си играа и кај нивните баби и дедовци, кршеа чаши, а со топка одеа и во двор и на таван“.
За бар турнирот во Фериере
Пипо еднаш ми рече: Не играм повеќе за тимот на трафиката, туку за оној од барот, бидејќи ми даваат две пици. На тие турнири сакаше со него во тим да биде и Симоне, а тоа се случи еднаш во Пертусо. Имаа 15 и 12 години и победуваа со постарите.
Кој би рекол дека токму во првото божиќно коло ќе се сретнат вашите два синови?
Ова беше незамисливо, но чувството е преубаво и мислам дека се нема случено во нашето првенство. Ќе ми остане како спомен за цел живот. Кога ги гледам Лацио и Болоња со нив двајца на клупа ми доаѓаат силни емоции. Обично останувам сам во соба и ги спуштам ролетните, бидејќи сакам да ги гледам сам во целосен мрак. Жена ми оди горе, во друга соба.
Во среда како ќе правите? Ќе ви се подели срцето?
Навивање апсолутно ќе нема, бидејќи нема како. Тешко ќе биде. За Симоне и Лацио победата би била важна откако се вратија на четврто место, за Пипо ептен важна. Заради тоа не сакав да одам на стадион. Но вака ќе ви кажам. Јас и жена ми Марина сепак ќе бидеме на Дал Ара. Филипо ме убеди да одиме. „Тато мора да дојдете, може да биде единствен пат“. Симоне нема да може да остане во Болоња, бидејќи мора веднаш да се врати во Рим. Во сабота го чека нов меч.
Празна трпеза за Божиќ без Пипо и Симоне, не бива нели?
Чудно беше. Тоа беше првиот наш Божиќ во нашиот живот кој го поминавме без семејството. Жал ми е, но не можеше да биде поинаку, мора да работат. Со Марина овој пат бевме сами, но следната недела ќе одиме во Рим, така што има и други поводи за да бидеме заедно. Потоа повторно ќе се собереме на стадион. Анџела, сопругата на Пипо, не пропушта натпревар на Болоња, секогаш оди. А за нова година ќе се соберете ли? Не, бидејќи ќе одат на Малдиви. Филипо и Симоне ќе се качат на ист лет, но ќе престојуваат на различни места.
Првиот братски дуел во Серија А ќе се игра во среда со почеток од 15:00 часот.