Интер во заостанува 23 бода зад лидерот Наполи, но пред некоја вечер во Лисабон ја победи Бенфика, една од најстрашните екипи во Европа која во есенската групната фаза успеа два пати да го уништи Јувентус.
Во првенство претрпе 10 порази на 29 меча од противници како Удинезе, Болоња, Емполи, Специја.
Во Лига на шампиони има само 2 порази на 9 меча и тоа и двата од еден Баерн Минхен, кој е секогаш еден од главните фаворити за трофејот.
Нема логика. Како можеш да потонеш во Специја, а да се вратиш со кренати раце од стадионот Луж во Лисабон?
БРОЈКИ
Споредбата во статистичките податоци не помага да се разбере оваа ситуација и не го објаснува двојното лице на Интер. На пример просечниот број на голови им изнесува во просек по 1,7 по натпревар во првенство и 1,4 во ЛШ. Ситница и тоа поголема во Серија А.
Во однос на ударите во рамки на гол ситуацијата е речиси идентична, во Серија А 5,2, а во Европа 5,1 во просек по натпревар. Разликата е во просекот на вкупниот број на удари, но тие се во корист на првенството. 16,7 наспроти 12,3 во ЛШ.
На меѓународна сцена примаат во просек по 0,8 гола по натпревар, а во првенство 1,1, што значи дека во ЛШ се малку подобри во одбрана.
Но и овој податок не дава некој јасен одговор, бидејќи Интер во ЛШ дозволува четири примени удари повеќе отколку во првенство, 14,7 по натпревар наспроти 10,7.
Иста е ситуацијата со поседот на топка кој очигледно го вежбаат повеќе дома, отколку на европските натпреварувања. 56% наспроти 46%.
Овие бројки не нагласуваат ништо посебно и изгледаат на прилично хомогени податоци, со некои погрешни усогласувања предизвикани од разликите во натпреварувањата.
ИГРА
За да се разбере биполарноста на Интер, треба да ја погледнеме играта и пристапот. Во голем дел од натпреварите во Серија А, Интер е принуден да ја потврди својата супериорност и тоа мора да го покаже. Осуден е да гради игра, не може да си дозволи стратегија на чекање.
Интер предводен од Симоне Инѕаги сепак не е тим со доминантна игра. Им треба време за да ја создадат. Се мачат против екипи кои се поставени во одбрана да извлечат 0:0 и подготвени да го искористат вистинскиот момент на грешка или на застој на противникот за да удрат.
Во Лига на шампиони приказната е поинаква, бидејќи Интер е тој што знае да има корист од предностите кои по природа им припаѓаат на оние кои важат за фаворити. Таму не трпат стрес дека мора да победат.
Во пресрет на гостувањето во Лисабон, опцијата за реми беше идеално решение. Од друга страна, нерешените 1:1 во петокот во Салерно беше сфатено како катастрофа.
МОТИВИРАНОСТ
Во Лига на шампиони играчите сами се мотивираат, а во нокаут фаза се зголемува и вниманието и концентрацијата, бидејќи знаат дека пола свет ги гледа. Тоа е натпреварување кое се пренесува насекаде и е глобален настан, како Светско првенство.
Голем настап во ЛШ на пролет, може на играчот да му донесе богат договор на лето. Денес играчите се самите претприемачи кои се грижат за сопствените интереси.
Со надеж дека никој нема да биде навреден и со сигурност дека сите ќе кажат дека секогаш го даваат својот максимум, едно е да се натпреваруваш против Емполи и Удинезе, а друго против Барселона, Порто и Бенфика.
Можеби тука се крие едно од ограничувањата на Симоне Инѕаги. Тренерот треба секогаш да го држи тимот во тензија и да го принуди да бара и да гради мотивација на мечеви кои се помалку неатрактивни.
Тоа му недостасува на Инѕаги. Како да не успева да ги убеди играчите секогаш да гризат за победа, без разлика кој е противникот.
По триумфот на првиот меч против Порто, Интер загуби во Болоња. После оние 0:0 на реваншот и пласманот во четвртфинале, загуби дома од Јуве. Со вакви разлики победата во сабота во Монца не изгледа на очигледна. Напротив.