Историјата на фудбалот е составена од татковци и синови, кои оставиле или оставаат неизбришлива трага. Доволно е да помислиме на славниот дефанзивец Лилиан и на одличниот напаѓач Маркус Турам. Има 11 гола сезонава, ниту еден од пенал.
Потоа има историски генерации, како династијата Малдини. Фудбалската историја е составена и од браќа со водечка улога. Пример за тоа се Барези, кои на миланското дерби играа еден против друг.
СИМОНЕ И ФИЛИПО ИНЅАГИ
Во историјата на фудбалот нема многу приказни за браќа тренери кои се етаблирале паралелно во кариерата на високи нивоа. Ова им се случува на Пипо и Симоне Инѕаги.
Доволно е да се фрли око на табелите во Серија А и Серија Б за да се види колку добро им оди. Пипо е втор со тимот на Пиза на -3 од Сасуоло со кој има директен дуел на 26 декември.
И Симоне е втор со Интер на -3 од Аталанта, но со натпревар помалку. Имаат многу заеднички елементи, во однос на духот и организацијата на екипите кои ги водат. Се слушаат често и многу разговараат на тема тренерски занает.
ТАКТИКИ И НАВИКИ
И двајцата градат тренерски кариери, нешто во што веројатно малкумина веруваа, не од недоверба, туку затоа што како фудбалери и Филипо и Симоне беа повеќе индивидуалци отколку лидери или организатори на игра.
Плус факт е дека многу играчи од среден ред, како еден Гвардиола, биле како што се вели, тренери на терен уште како играчи. Логично е тие да го пренесат своето знаење и способност на клупа.
Пипо и Симоне имаа кариери како напаѓачи, кои имаа задача да ја искористат и финализираат работата на другите, а не да му ја мислат на организацијата на играта.
Фактите говорат дека Пипо беше поуспешен во улога на играч, а Симоне, барем за сега како тренер. Но и двајцата сезонава се протагонисти со јасна цел на врвот.
Симоне е верен на својата формација 3-5-2, која е практично непроменлива. Пипо е малку пофлексибилен и ја менува основната 3-4-2-1 со поофанзивната 3-4-3.
Нормално, за двајцата сепак од суштинско значење е да ги поседуваат вистинските играчи на вистинското место, без бескорисно и штетно форсирање.
Поригидни се во правењето измени. Кај Симоне ако добиеш жолт картон, има големи шанси да те смени во рок од 20 минути. Пипо од друга страна има друго практично задолжлително правило, а тоа е користењето на сите пет измени.
РАЗЛИЧНИ ПАТЕКИ
Тренерскиот пат им е поинаков, со исклучок на почетоците. Откако и двајцата стекнаа искуство во младинците сектори, се најдоа на кормилото на Милан и Лацио, веднаш на големата сцена.
Работите тргнаа подобро за Симоне, кој до сега водеше два тима, Лацио и Интер, секогаш останувајќи на врвот. По разочарувањето во Милан, Пипо мораше повторно да тргне од почеток и откако ја обиколи пола Италија откри идеална средина во Пиза.
Факт е дека панетонето е често несварливо за многу тренери, но е вкусно и многу слатко за браќата Инѕаги.