„Сакаш да освоиш Куп? Јави му се на Симоне“, пишува денеска Газета дело Спорт, алудирајќи на човекот кој постојано ги реди овие трофеи, втори по важност во Италија после Скудетото.
За само две сезони во Интер овој човек веќе освои четири трофеи, односно по два Купа и Супер Купа на Италија.
Ако треба да му се избројат сите, тогаш се стигнува до импресивна бројка од вкупно 11 Купови и Супер Купови на Италија. Седум како тренер и четири како играч.
Како играч на Лацио Купот го освои 2000, 2004 и 2009, а Супер Купот во 2000-та.
Потоа продолжи славенички и како нивен тренер со Куп на Италија 2019 и Супер Куп во 2017-та и 2019-та.
Дури пет финалиња добил против Јувентус од кои едно како играч и четири како тренер.
Ви фали податокот дали има загубено финале? Само едно, 2:0 од Јувентус, како тренер на Лацио во Купот на Италија 2017.
ИГРАЧ НА ЛАЦИО
Куп на Италија
1999: Лацио - Интер 2:1/0:0 каде се јавува и како стрелец
2004: Лацио - Јувентус 2:0/2:2
2009: Лацио - Сампдорија 1:1 (6:5 на пенали)
Супер Куп на Италија
2000: Лацио - Интер 4:2
ТРЕНЕР НА ЛАЦИО
Куп на Италија
2019: Лацио - Аталанта 2:0
Супер Куп на Италија
2017: Лацио - Јувентус 3:2
2019: Лацио - Јувентус 3:1
ТРЕНЕР НА ИНТЕР
Куп на Италија
2022: Интер - Јувентус 4:2 (по продолженија)
2023: Интер - Фиорентина 2:1
Супер Куп на Италија
2021: Интер - Јувентус 2:1
2022: Интер - Милан 3:0