Хороскоп за вас (нив), прекрасни луѓе

Ова е веројатно најзлобниот хороскоп што сте го прочитале. Кога ќе си читнете за својот знак па ќе помислите "ова нема врска", ви предлагаме да направите следново: прочитајте го описот за некоj ваш пријател / партнер / колега / душман, на кого му го знаете знакот. Гарантирано ќе тврдите: Нема ништо поточно од ова!

Овен

Распашани гадови, мораат да бидат шефови и главни во сè. Причината е, веројатно, малиот кур или минијатурните цицки. Болни посесивци кои на партнерот би му ја одзеле сета слобода, а себеси би си дозволиле харем љубовници. Главно се фаќаат за неосвоиви тврдини и не знаат за пораз додека целосно физички не се уништат. Многу несредени во мозокот, скокаат на сè и сешто и тоа мора да биде веднаш, не знаат за тактика, а чекањето ги разболува. Кога ќе видат дека сте имале право, нема да ви признаат, своите грешки не ги прифаќаат. Тие не веруваат во хороскоп. Немаат нежност, себични се и нападни, не користат мозок, не поседуваат емотивна интелигенција, не се препуштаат ниту го следат партнерот. Завршуваат со кретен во животот затоа што нивниот избор на партнер е ужасен и после обавезно се чудат кога се измамени или оставени. Сè на сè, им треба многу време да ги сфатат работите, ако тоа воопшто се случи.

Бик

Самозадоволни, молчаливи сератори, досадни ко клуб на филателисти. Нивниот најголем психички проблем е што немаат проблеми. Сè им е супер и немојте да ги мачите со своите проблеми затоа што тие ги немаат. Ним треба да им се создаде проблем за животот да им биде интересен. Нивниот мир е совршен додека не се претвори во манично лудило, кога ќе ги исфрлите од такт. Тогаш со нивните рогови, ножеви и сè' што ќе се најде при рака со изобличено лице одат кон вас како на матадор кој носи црвено. Тогаш закопајте се самите или подгответе секира, нема да попуштат ни на извинувања.

Близнаци

Главни оговарачи и трачари, издајници и превртливци, со двојни мерила кои се менуваат секои 10-15 минути. Велат дека Јуда бил близнак. Луѓе со наличје и стотина лица. Вечни глумци, нарциси со површен поглед на живот. Тие не веруваат во хороскоп. Ако подвлечете црта, ќе видите дека за нив сте многу ниско на листата на приоритети. Секогаш ќе имаат нешто работа и порадо би биле со некој друг отколку со вас. Едноставно, нивната приказна никогаш не држи вода. Вистина е дека ве мами. Екстра лоша страна на тоа е дека во прашање се повеќе личности одеднаш. Добрата страна е дека и нив ги третира исто како и вас. Имате работа со човек кој не може да оствари и да пружи квалитет, па затоа може квантитет. Но тоа што тој не дава ништо, не значи дека од вас не очекува да дадете сè. Сепак, тоа се само евтини себични кретени вешти на зборови и зборовите се единствената валута која ја имаат и со која сакаат од вас да земат сè што имате. Ако имате вишок време кое сакате да го фрлите низ прозорец, да го одморите мозокот со плитки нешта без перспектива, или да најдете некоја која ќе ви биде никаква жена или никаков маж, повелете.

Рак

Посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале „добро утро" со правилна интонација, менуваат расположение кога ќе им падне на памет, а иако имаат емоционална потреба некого да понижуваат истовремено им е важно да се курваат на страна. Ако ги обвините за лага ќе плачат и кукаат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност. Еден ден се претвора во вашиот најлош непријател и садист, додека следниот е повторно оној стариот, со блага амнезија. Ако сакате да имате темпирана бомба крај себе која редовно ви експлодира во фаца на секои два-три дена, само напред. Само зачленете се во ловечко друштво, затоа што понекогаш ќе ви треба пушка.

Лав

Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите навистина веруваат дека нивното гомно не смрди. Дека нивниот влез во просторијата го следат рефлектори и дека во секоја просторија секогаш има најмалку еден човек кој ги обожава. Вистината е дека тоа е точно само еден човек. И тоа самиот лав. Значи, за да бидете со лав, вие морате научите да му го бацувате газот, да се согласувате со се' што ќе каже, да го обожавате без причина.

Девица

Опсесивно-компулсивни невротици, кои се ослободуваат од стресот чистејќи го станот, диплејќи алишта и гланцајќи кинески порцелан. Цепидлаки на кои и премногу не им е доволно. Тие не знаат за љубов, без емоции се, кај нив сè се сведува на секс. Ако некој знак е проститутка, тоа е овој. Нарциси кои се грижат само за својот изглед тежнеејќи кон совршенство. Тоа е всушност пливање во сопствените говна во кои девицата е до колена. Кај неа нема страст, прегратка, нежност, топлина, сите солзи кои ќе ги пушти се за да се оплакува себеси. Да ја нема таа невротична нервоза и брзање во неа (заради часовникот кој отчукува, додека таа е далеку од својата цел - совршенството) заради која пука и ја губи својата рационалност, би помислиле дека имате работа со андроид. Но, немојте тие нејзини мигови на губење контрола да ги мешате со емоции. Тоа е само рефлекс, скокање на капакот од тенџерето на кое му треба да се ослободи од притисокот затоа што водата врие. Чиста физика.

Вага

Нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобриот пријател, целосно нестабилни, им требаат седум дена за да се одлучат дали сакаат да нарачаат Кока-кола или Пепси. Толку се мрзливи што е вистинско чудо како воопшто стануваат од кревет. Бездушни се, без срце, без крв. Тие знаат да сакаат само ако сте финансиски или статусно истакнати. Пријателски збор не постои, колку и да им се отворите нема да добиете ни приближно еднакво затоа што тие само внимателно ве слушаат, а своите карти не ги отвараат. Подраги им се 1000 убави лаги отколку една болна вистина, затоа се најуспешни во лажењето дури и на себеси.

Шкорпија

Самосожалувачки автодеструктивци кои својот чемер не можат да го поднесат сами, па мораат да повлечат уште 100 луѓе по себе. Да е утре крајот на светот тие не би се шокирале, веројатно би го дочекале учествувајќи во садо-мазо оргии. Смртта не им е ништо страшно, а се палат на крв и на сето она што на обичниот смртник му создава јанѕа. Ги следи обележјето дека се љубоморно посесивни психопати. Без секс се разболуваат психички и замислуваат дека им се спрема завера. Не сте нормални ако сте одлучиле на Шкорпијата да ѝ кажете дека лаже. Деталите на вашата трагедија не е препорачливо да се опишуваат заради низата брутални сцени. Доколку по некое чудо имате работа со добра Шкорпија (има ли тоа?) таа ќе ви понуди сексуални услуги. Шкорпиите се емоционално незрели, подли, осветољубиви и расипани детишта кои не се срамат од што и да е. Знаете како се однесува мало дете кога ќе му ја земете омилената играчка. Се лути, беснее, плаче, гризе. Да е поголемо и појако, во таква емоционална состојба на неконтрола, би скокнало на вас и би ви го прегризало гркланот. На Шкорпијата морате секогаш да ѝ бидете единствен, да го сакате и да не ни помислувате на друг.

Стрелец

Расипикуќи и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што можат и да оживеат мртви. Се ужаснуваат да признаат дека знаат за чувството на тага. Не влегувајте во брак со Стрелец, затоа што кога е убеден дека ве сака тоа ќе му помине за еден месец. Единствено ако сте доволно богати да го задржите или ако имате статус кој му дава поголема сила. Не се исплати да го фаќате во лага затоа што измислуваат такви чудесии од оправдувања што тоа станува неверојатно забавно. Стрелците не знаат да лажат. Дали тоа звучи мило и убаво? Просто трогнува. Но, не се залажувајте, аурата на недолжност е најмоќната одбрана на Стрелецот. Упорно одбива да сфати дека неговиот систем на вредности е тотално наивен и несоодветен, и дека секогаш наебува. Со што ли се пробива? Со памет сигурно не. Нема упорност и дисциплина, а со пари е најужасен. Едноставно нема чувство за материјална вредност, или го има, но е болен, главно умира во беда и сиромаштија. Суровата вистина е дека единствената работа со која се пробива е надевањето во факторот среќа. Таа филозофска лежерност на моралист со која изјавува куп глупости кои немаат врска со животот и умот знае на човека да му ја преврти утробата.

Јарец

Вистински робовладетели, веруваат во судбина до последната буква, зборот „извини" не постои во нивниот речник. Можете да живеете со нив цел живот а никогаш да не дознаете што сакаат да ви кажат. Чувствата не знаат да ги искажат со зборови, па наместо те сакам, често ве дочекува „иди у курац". Би си го дале гзот за општествен статус. Јарецот е кукавица, бега без глава штом ризикот стане јак. Бегањето и оставањето на цедило што го прави цел живот. Ако и го фатите ова гомно за да му се одмаздите, не очекувајте задоволство од тоа да видите страдање на неговото лице додека го газите. Таа е фригидна и  емотивно неписмена личност, неспособна да ги покаже своите емоции а камоли да ги приима или дава. Кога ќе се подвлече цртата, таа е премногу спора, мрачна и сиромашна за со неа да осетите вистинска радост.

Водолија

Нескротливи слободњаци кои во животот 500 пати се губат себеси. Биле пријател секому, но на крај не успеваат со никого, а ги поебуваат оние кои за нив направиле најмногу. Веројатно не ве изненадува фактот дека според статистиката најголем број шпиони на ЦИА се Водолии. Своите лаги се склони да му ги подметнат на друг. Тој лажел? Ни случајно! Што е тоа лага? Тоа не постои. Тоа е илузија. Постојат само различни погледи на истата работа. Треба да се има отворен ум кон различното од нас. Тие не веруваат во хороскоп. Водолиите воопшто не се секираат за вас, што кажувате или мислите за неа. Причината што е со вас е што ве смета за чудак, и тоа е доволно да котирате високо во нивните очи, бидејќи себеси се смета за несфатена, посебна личност. Во суштина Водолијата е сиромашен кретен свртен само кон себе и со лош трип во главата.

Риба

Досадни луѓе кои се самосожалуваат, сакаат некои да ги теши, не можат ни да се измочаат без туѓа помош, и најмалата ситница ја гледаат како врвна сензација. Кога се при добра волја, се занимаваат со туѓи проблеми, па пак паѓаат во депресија - и така во круг. Рибите не лажат. Тоа не е можно, верата не им го дозволува тоа. Редовно одат во црква и се исповедаат. Впрочем, да не го прават тоа Севишниот сигурно би ги спржил со молња за час.

10 ноември 2014 - 13:27