Интер и Лацио одиграа доста драматичен финиш во четвртфиналето од Купот на Италија. По регуларните 90 минути, гостите поведоа преку Имобиле во 108-ма минута, а домаќините со помош на ВАР добија пенал во 121-ва за 1:1 и пенали. Лацио славеше со 4:3, а исклучениот Симоне Инѕаги збесна од радост во позадина. Се молеше кога Лукас Леива се местеше да го изведе последниот пенал. Какви стресни моменти се ова.