Таг: псж

Пасов на Меси да го види Роналдо ќе почне шишиња да рога

Со двата гола на Мбапе, ПСЖ викендов го совлада Анжер со 1:2 и со +9 пред Марсеј на 6 кола до крај, полека се доближува до петтата последователна титула. Ако ја барате најјаката асистенција на колото, прекинете веднаш.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Заврши сезоната за Меси и Мбапе во ЛШ

Лани Реал, преклани Баерн, вечерва повторно Баерн. Фудбалерите на ПСЖ глава не можат да кренат од великани во нокаут фазата од ЛШ и ниту знаат како да ги минат. По поразот дома од 0:1, Парижаните останаа без муниција и на Алијанц. Им пресуди токму нивниот поранешен напаѓач, Камерунецот Ерик Максим Чупо Мотинг. Гнабри во финишот ги постави конечните 2:0. Во четвртфинале оди и Милан кој одигра 0:0 во Лондон.

Лекарот е за да те лечи, не да те крши

Дефанзивците на Олимпик Марсеј немаа шанси синоќа против Мбапе и Меси и дуел не можеа да добијат. А што да каже Данило Переира за овој неочекуван дуел?

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Голчиштето на Малиновски и пимплањето на ПСЖ во 95-та како да не бркаа гол

Фудбалерот на Аталанта, Руслан Малиновски кој од минатиот месец игра на позајмица во Марсеј ја опали неодбранливо со лева со што го елиминираше ПСЖ во Купот. Изненадува односот на Парижаните кои на 15 секунди до крај го тупеа пред шеснаесетник.

Мбапе му даде пет гола на шестолигаш за кој игра водачот на навивачите на ПСЖ

Во Франција се одигра Куп натпревар во кој се случи една необична средба, можеби невидена во светот на фудбалот. Се судрија еден од најдобрите играчи на планетата против негов навивач кој внимавал да не го повреди.

Шпалир во ПСЖ за светскиот првак Меси

По двонеделниот престој во Аргентина каде прво славеше во Буенос Аирес, а потоа одмораше во родниот град Росарио, Лионел Меси им се врати на клупските обврски во Париз. Пречекот му беше шампионски, со шпалир и аплаузи од целиот тим, а спортскиот директор Луис Кампос му подари мал трофеј.

Меси не застанува, ново голчиште и мајсторска асистенција до Нејмар

ПСЖ ја совлада Троја со 4:3 во меч во кој на два пати беше во негатива. Играч број 1 како и многу пати сезонава беше Лео Меси кој во рок од 7 минути одигра во негов стил со два јаки потези.

Меси и Мбапе пак им го земаа паметот на противниците

Само четири дена откако ја побудалеа цела одбрана на меч во првенство, убиствениот тандем продолжува со пеколно темпо и во ЛШ. Имаат 4:1 по само 45 минути игра против Макаби Хаифа. Два гола на Меси, по еден на Мбапе и Нејмар. Лео со две мајстории и нова прекрасна акција во комбинација со Килијан.

Тоа е, уморен сум

Хаун Куадрадо против ПСЖ во ситуација кога имаше игра еден на еден, четворица во шеснаесетник и ред други порационални решенија.

Генијална асистенција на Нејмар за мајсторски волеј на Мбапе

ПСЖ ја разби одбраната на Јувентус по само 5 минути игра, а главни на дербито на вечерта се Мбапе и Нејмар кои изрежираа акција која ќе се врти цела сезона во ЛШ.

Тешко на играчите на ПСЖ ако Мбапе се лути зошто не му ја додале

Шампионите на Франција постигнаа вкупно 10 гола по првите две кола од новата сезона. Ама што фајде кога не знаат да се однесуваат шампионски. Најмалиот во напад почнува да глуми газда. На 23 години.

Селфи на денот

Се качуваш во лифт и кога таму не комшиите со кои едвај правиш или не правиш здраво, туку пола тим на ПСЖ. Е како така? Е така, ќе ви покаже 17-годишната голферка Марта Силченко.

Лудорија од хет-трик на Бензема за 17 минути, дрим тимот на ПСЖ се изгуби во Мадрид

Откако Кристијано Роналдо го нема на Бернабеу, новиот јунак на Реал Мадрид се вика Карим Бензема. Мега дерби за уживање благодарение на кралевите кои блеснаа во второто полувреме и со екстра брз пресврт ги урнаа Парижаните. И на реванш осминафиналето ПСЖ поведе со гол на Мбапе. 

Пет години од епскиот пресврт на Барса против ПСЖ

Во тоа осминафинале, Барселона ги помести границите во фудбалот, затоа што никој претходно во нокаут фазата од ЛШ, не успеал да елиминира тим после пораз од 4:0. Три гола им дадоа во последните 7 минути. Кој ли веруваше?

ПСЖ има енормно висока ставка за плати во време на голема криза

Платите на дрим тимот кој владее во Франција, а сака и во Европа, се една третина од целата домашна прва лига, а бројката силно расте од година во година. Само Меси и Нејмар ја цицаат касата заедно со 66 милиони евра годишно.

Фото на денот

Од лево на десно горе стојат: Марко Асенсио, Тибо Куртоа, Дани Карвахал. Од лево на десно доле стојат Родриго, Еден Милитао, Федерико Валверде. Жените де нивни, кои допатуваа во Париз за да го разубават дербито ПСЖ - Реал Мадрид. Прекрасна гостинска публика.

Навивачите на ПСЖ беа во транс по голот на Мбапе

Иако 1:0 не е никаква гаранција особено не против Реал, сепак победа е победа, а Лига на шампиони е празник кој треба да знаеш да го славиш. Навивачите на ПСЖ знаат и беа во страшна еуфорија на крај.

Мбапе со велеслалом го скроти Реал во 94-та, Меси промаши пенал

Скромно осминафинале во Париз ако се суди резултатот според статистиката. ПСЖ го надигра Реал со вкупно 22:3 шутеви или 8:0 во рамки на гол, а победи само 1:0 дури во судиско. Куртоа го прочита Меси од белата точка. Тука патникот во топ 8 ќе се решава во Мадрид.

Последното и единствено осминафинално соочување на ПСЖ и Реал

Европските гиганти до сега имале шест пресметки во ЛШ, од кои четири во групна фаза и две во топ 16. Кралевите се подобри со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз.