Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Две милијарди евра, две милијарди причини за разочарување. Всушност две милијарди евра за да се дојде до истиот заклучок, дека нешто не функционира.

По елиминацијата од Баерн Минхен, Парижаните повторно се справуваат со својата жед за слава, која никако да ја заситат со примарната цел е тоа е трофеј во Лигата на шампиони кој му е приоритет на емирот од Катар.

Тамим Ал Тани потроши две, па и над две милијарди евра од 2011-та до сега, вклучувајќи го неверојатното пролетно обновување на договорот на Мбапе. Но во средата разочара и тој, исто како и Меси. Да не зборуваме за Нејмар, најскапиот играч во историјата на фудбалот, кој веќе е надвор од теренот до крајот на сезоната.

Се зборува за повеќе од две милијарди. Милијарда и пол за да се изгради тим како никогаш до сега. Тим како за видео игра, за виртуелен фудбал, а не вистински.

Потоа инвестираа 630 милиони бруто на нов тригодишен договор за Мбапе, потпишан минатата пролет. Тоа требаше да биде потег за да се замолчат критичарите и клеветниците.

Но во реалноста не се промени многу и повторно се појавија докази дека кога зборуваме за ПСЖ не зборуваме само за фудбал, туку се зборува и за нешто друго.

За емирот од Доха, клубот од главниот град на Франција е витрина што треба да се направи што е можо поблескава, да се пополни со големи имиња, да се привлече вниманието, да се обезбеди безбедно место на светската сцена и можеби да се прикрие одредена противречност меѓу внатрешната и меѓународната политика. 

Тоа се вика мека моќ. Фудбалот како алатка за дипломатија, за промовирање на земја која малкумина во 2011-та би можеле да ја покажат на земјината топка, а која пред неколку месеци го организираше и најпопуларниот спортски настап, Светско првенство.

Финалето меѓу другото се претвори во дуел меѓу Меси и Мбапе, двете ѕвезди на овој ПСЖ. Колку што е тоа убаво, толку и горчливо.

Мбапе во 2017-та пристигна како ветување, многу скапо ветување од 180 милиони евра платени на Монако. Уште тогаш ја победија конкуренцијата наречена Реал Мадрид која падна повторно летото 2021-ва.

За трансферот стигна вето од Доха и покрај понудата од 200 милиони, а потоа претедателот Ал Келаифи успеа да го убеди да остане. Потписот тежеше како злато. Нето годишна плата од 92 милиони евра плус бонус за потписот од 180 милиони, ветен на три рати.

Но ПСЖ повторно се соочи со суровиот закон на фудбалот. Не е доволна ѕвезда за триумф. Харизматичниот Мбапе не може сè сам. Ниту заедно со Меси. Неговите седум Златни топки и освоеното Светско, не ја направија разликата против Баерн.

Аргентинецот пристигна како слободен играч во летото 2021-ва, а ПСЖ му плаќа 40 милиони по сезона. Барем до јуни. Идејата е да се продолжи на уште две години, но елиминацијата во ЛШ може да ги измени плановите. Или можеби не?

Како и со Нејмар, за кој во 2017-та беа платени 222 милиони евра на Барселона, но поради големиот број на повреди, тој има одиграно 43% од можните натпревари. Бразилецот има договор до 2027-ма.

ПСЖ се соочи со уште еден пропаст во ЛШ после оној во Купот на Франција, каде беше елиминиран исто така во осминафинале. Останува Лига 1, трофеј кој во Доха секако го планираат.

Но и тој никогаш не е сигурен, како што покажуваат загубените титули во 2017-та и 2021-ва, кога славеа Монако и Лил. 

Во ЛШ од 2017-та имаа пет елиминации во осминафинале во вкупно седум сезони. Чашата е можеби половина прелеана ако се потсетиме на двегодишниот период 2019-2021 кога со помош на спортскиот директор Леонардо, клубот на емирот стигна до финале и полуфинале.

Можеби ПСЖ треба да се инспирира од Баерн Минхен кој е малку како германскиот ПСЖ. Баварците 10 години ја освојуваат Бундеслигата, но во катарската ера на ПСЖ, два пати триумфираа во ЛШ (2013 и 2020 против ПСЖ).

Бандата на Нагелсман ја мина рундата во напад со Чупо Мотинг, од кој ПСЖ се ослободи, а тој им даде гол.

Оваа елиминација во осминафиналето носи повеќе неизвесности отколку претходно. За иднината се прашува Мбапе, а Меси може да се најде на терминалот во Париз, исто како и тренерот Галтие и спортскиот директор Кампос кој го сакаше како прв избор.

Во Доха, како и во Париз сонуваат за Зидан, единствениот кој можеби би можел да го убедли Мбапе да остане и да се обиде повторно. Но на Зизу треба да му дадат целосни овластувања, да даде кохерентност на проектот и да изгради вистински тим, како што во основа изгледаше возможно во ерата на Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот со Мота и Силва му даде силен идентитет на проектот. Тој ПСЖ со Златан застана во четвртфиналето на ЛШ, но имаше основа да се продолжи со градење. 

Потоа фокусот беше ставен на големи имиња, заборавајќи на главните фудбалски принципи, дека тоа е спорт кој се игра со тим. Тоа што ПСЖ сè уште не е. Како што можеше да се види во Минхен. Без разлика на двете милијарди евра.

виа

10 март 2023 - 13:14