На 16 одиграни натпревари, Кварацхелија успеал да стигне до фантастичен скор од 10 гола и 6 асистенции, а седум од головите му се во нокаут фазата.
Погледнете колку моќно изгледаат двете споени фотографии. Од фудбал во маало со другарите, до две титули во Лига на шампиони. Пехар кој остана недостижен за многу славни имиња како Роналдо, Буфон, Ибрахимовиќ...
На само 17 години, Квича се поздравил со другарите, оставил сè зад себе во Грузија и се преселил во Русија за да го оствари својот сон да стане професионален фудбалер.
Жртвувал сè, но откажувањето од фудбалот никогаш не било опција.
За The Players' Tribune изјави дека секој ден го гледал презимето на задната страна на дресот, како потсетник зошто ги прави тие жртви.

Само еден телефонски повик од Наполи му го промени животот. Се пресели таму и му помогна на клубот да го освои Скудетото за прв пат после 33 години за после две години да го повтори истиот успех. Стана еден од најдобрите играчи во тимот, незаменлив на својата позиција.
Бајката продолжи со историскиот пласман на Грузија на Европското првенство 2024.
Тука не застана, туку напротив, направи голем трансфер во ПСЖ, се вивна во височините на европскиот фудбал и тоа со две европски титули по ред.
Освои и две првенствени титули во Франција, како и Куп, Супер Куп на Франција, Супер Куп на Европа и Интерконтинентален Куп.
Квича успеа.
Kvaratskhelia is special. #UCL pic.twitter.com/J0A418FhPf
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 31, 2026