Од алармантни -25 до убедлив триумф, Кари го легна Дончиќ на земја

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Лејкерси отворија фуриозно, предводени од расположениот Лука Дончиќ, и во првата четвртина создадоа предност од 23 поени, а на почетокот на втората четвртина стигнаа и до високи 25 поени разлика (40:15).

Но, тогаш на сцена стапи препознатливиот шампионски карактер на Воините. Голден Стејт возврати со серија од 13:0, а до крајот на полувремето комплетно ја стопи негативата.

Втората четвртина ја добија со неверојатни 38:15, израмнувајќи на полувремето на 53:53, што е прв ваков случај во историјата на НБА. Некој да сезаостанува 23 поени по првата четвртина и да израмни до полувреме.

Во вториот дел, главен режисер на победата беше Стеф Кари, кој натпреварот го заврши со 31 поен, 6 асистенции и 4 скока. Погоди 8 погодени тројки и го Доминик Вилкинс на вечната листа на стрелци во НБА.

Моментот што ја запали салата во Сан Франциско се случи на средината од третата четвртина, кога Кари со брутален кросовер го исфрли од игра Лука Дончиќ и ладнокрвно погоди тројка, ставајќи печат на една од најлудите вечери во раната фаза од сезоната.

На спротивната страна, Дончиќ имаше извонредни 37 поени, но тоа беа само слатки утешни бројки за Лејкерси кои целосно се блокираа во вториот дел.

Голем придонес даде и клупата на Голден Стејт, која ги надмина резервистите на Лејкерси со импресивни 50-7, предводена од Брандин Подзиемски (21 поен) и Де'Ентони Мелтон (16 поени).

31 октомври 2026 - 09:05