Правен термин на денот:

Ебачина

Можеме само со благ кикот да се надеваме дека ова е автентично - судски документ од 19 век кој истовремено е лингвистичка пуслица, а кој доколку би бил пишуван денес сигурно би содржел непотребно коректни фрази од типот „биле фатени во извршување на полов однос". Тука тоа просто се вика „јебачина".

Според српски „Блиц" овој документ е издаден во 1832 во Крагуевац, а претставува помилување (побуѓење) кое го донел кнезот Милош Обреновиќ, куцано на машина лично од Вук Караџиќ.

Накратко, со решение на српскиот народен суд, а во најдобрите традиции на обичајното право, извесна Ружица Ненадиќ, со статус вдовица, била осудена за блудничење со нејзиниот внук Марко Јелениќ, со кого имала и дете. Обајцата (каква полова коректност...) требало да добијат по 50 удари со камшик и стап.

Но, на тоа либералниот кнез Милош, великодушно вели:

„Нека се ебат како што почнале, ние во ебачината не се мешаме ниту на пат ѝ стоиме, туку само се радуваме што тие, кои сакаа да нè поправат, станаа полоши од нас"

19 мај 2015 - 14:36