Новиот стадион на Милан и Интер ќе има капацитет од 71.500 места со надворешна структура во обликот на Х која ќе потсеќа на најпознатиот симбол на градот Милано - Дуомо.
Стадионот ќе има двојна закривеност, форма што наликува на длабок сад, две големи трибини навалени под агол до 37 степени, влезови во форма на дијамант и крајна цел - првиот натпревар да се одигра пред сезоната 2031/2032.
Пред се, гледано од надвор стадионот „Џенерали“ ќе се одликува со некои мошне карактеристични обележја. Она што сигурно треба да го направи навистина препознатлив стадион ќе биде големата бетонска конструкција во облик на буквата Х која ќе поаѓа од колонадите и ќе се протега преку фасадите се до кровот.
Стадионот ќе биде инспириран од катедралата Дуомо во Милано:


Во четвртокот вечер на 29-ти октомври, почна заедничката приказна на Интер и Милан за нов стадион. Името „Џенерали Стадион“ ќе биде поради спонзорот кој ги откупува правата, богатата италијанска осигурителна компанија Џенерали.
A new symbol for Milano. A new home for future generations of fans. Generali Stadium 🏟️ @GENERALI https://t.co/c7D0827E7T
— AC Milan (@acmilan) October 29, 2026
Проектот се родил од заеднички идеи на двата клуба односно компаниите кои се сопственици на Интер и Милан, РедБирд и Оуктри. Тие сакаат да реализираат модерен стадион но без да се изгуби идентитетот и атмосферата која што ја има Сан Сиро како еден од најубавите и најславни стадиони на светот.
Уште еден клучен податок се однесува на капацитетот на новиот стадион: 71.500 седечки места ќе бидат распоредени на две големи нивоа трибини кои ќе го опкружуваат теренот во полн круг од 360 степени. Целта на оваа идеја е да ги приближат навивачите што поблизу до теренот и да обезбедат оптимален поглед од секој дел од трибините.


