И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Може да се користи:

- За изнајмување на VHS ленти во видеотека;

- За купување на цигари / алкохол (само ако апла личиш на полнолетен);

- Да ја користиш како тема за разговор кога ќе снема други теми.

- Да ја покажеш на шалтер, за службеникот да ти каже: „Ама треба оригинал.“

- Да ја покажеш на другар што нема дигитална лична карта, за да му падне самодовербата;

- Како доказ дека си ја инсталирал апликацијата;

- Да ја покажеш на баба ти, за да ѝ објасниш дека личната карта веќе не мора да ја носиш, освен кога мора да ја носиш.

- Како дигитален доказ дека и државата има апликација.

Не може да се користи:

- Како валиден документ при контрола на полициски службеници;

- Во државни институции: МВР, општини, судови, УЈП, Централен регистар и др.

- При купување и регистрација на телекомуникациски услуги;

- Како валиден документ во банка;

- За гласање на избори;

- За регистрација на возило;

- Во здравствени институции;

- За поминување граница;

- За склучување договори;

- При вработување;

- На нотар;

Марјан Лазаревски

30 октомври 2026 - 15:14