„Четири години бев во мрачна состојба. Добро што со мене беше жена ми која ми помогна да се изборам со тоа. Четири години не работев ништо. Поминував по 24 часа дома. Само се вртев во круг, шетав од соба во соба, легнував од кревет на кревет и издишував. За малку не завршив на улица. Бев погубен. Просто ми требаше да се вратам пак во социјалниот живот, за да се изборам од таа состојба, вели Жереми Матје за француски SoFoot.com и продолжува:
Во ИНТЕРСПОРТ ја почуствував истата атмосфера од соблекувалната (во фудбал). Почнав да работам во ИНТЕРСПОРТ пред две години. Имено токму тоа беше моментот кога ми се „упали лампата“ и кога почнав да се извлекувам од тој тежок период. Оваа работа ми помогна да се вратам во живот, да го вратам социјалниот живот и на крај да почнам од почеток.
Мојата сопруга исто почна да работи некои помалку напорни работи од страна. Пред тоа постојано бевме заедно а како поминуваше времето тоа стануваше се потешко. Добро ни дојде малку што сега работиме одвоено. Исто почнав пак да се гледам со пријателите“, раскажал искрено и отворено Матје кој со Барселона 4 пати ја освои шампионската титула во Шпанија и освои 3 Кралски Купа.

МНОГУ ПОТСМЕВ И ЗЛОБНИ ЛУЃЕ
На прашање на новинарите за непристојните коментари и потсмевања со неговите слики како работи во продавница, тој вели:
„Потсмев со мои слики во продавница? Не го разбирам тоа. Тоа е ниско. Повеќето од тие луѓе седат на компјутери, не го ни знаат мојот живот ни тоа низ што морав да поминам. Гледаат само пари, но никогаш не мислат од човечка страна. Многумина пишуваа дека се сум потрошил и ништо не сум вложил во инвестиции. Кога муштерии ме среќаваа во ИНТЕРСПОРТ, некои од нив м епрашуваа: 'Што така тука?' Ти играше за Барселона, полн си пари сигурно!“. Но работата не беше во тоа.
Некои муштерии приоѓаа само за добар муабет со мене. Други беа груби и директно ме прашуваа што се случило и дали имам уште пари? Сакав да им одбрусам: „Да одите на к***в!“
Коментарите им беа толку злобни. Типично за Франција: тука зборуваат само за пари. Никаква човечност. А потоа луѓето се чудат зошто во Франција се оди само на лошо“, раскажал Матје во интервју за So Foot.

КАКО СÈ МУ ТРГНАЛО ПО ЛОШО И ВО НАДОЛНА ЛИНИЈА?
По една тешка повреда, работите тргнале по зло.
„Нештата се закомпликуваа по мојата повреда во Спортинг. Ја завршив кариерата во 2020-та откако скинав вкрстени лигаменти. Се прекина нагло. Морав да носам ортоза за колена и не можев готово ништо да работам. Тогаш паднав во депресија, нема смисла тоа да го кријам.
Ми фалеа теренот, соблекувалната и се она што го знаев до тогаш. Поради повредата немав време ниту да се спремам за животот после фудбалот. Планирав да играм уште две години па ментално ми беше многу тешко да ја прифатам таа ситуација. Точно знаев што значи кинење вкрстени лигаменти. Веќе поминав низ тоа во Тулуз каде девет месеци поминав надвор од теренот. Ментално понекогаш немав мотивација ни да тренирам.
Сè што сакав е само да играм. Затоа решив да ставам крај на сè - така едноставно преку ноќ.

Дали ја прочитавте книгата на Стив Манданда за депресијата по крај на кариерата и ако сте, дали се препознавте себе во неговите описи?
„Не сум ја прочитал книгата но го слушав како зборува за тоа во интервјуа. Целосно се препознав во тоа што го кажуваше. Повеќе играчи минува низ ова отколку што луѓето мислат. Во мојот случај се покрена повреда со дополнителни проблеми надвор од спортот“.

На што точно мислите?
„На еден правен спор кој е во тек и за чии детали не смеам да зборувам“.
Дали клубовите и фудбалските сојузи би требало да обезбедат системи на психолошка поддршка за играчите по крајот на нивните кариери?
„Во одредена мера да. Сепак не сакам никого да критикувам.“

КРАЈНО ДЕПРИМИРАН И РАЗОЧАРАН ОД ЛУЃЕТО ВО СПОРТИНГ ЛИСАБОН
Матје открил исто и дека е разочаран од односот и непочитта од Спортинг Лисабон, клуб за кој настапуваше пред крај на својата кариера, по титулите со Барселона.
„Во 2025-та година побарав помош од Спортинг Лисабон, меѓу другото и психолошка поддршка, но не само тоа. Имав на ум еден проект, но тој никогаш не се реализира. Тоа е разочарувачки особено ако се земе предвид дека му помогнав на клубот претходно кога побараа од мене да прифатам намалување на платата. На личен план едноставно не можев тоа да го разберам. Ни ден-денес не знам зошто ме одбија. Сакав да основам мала фудбалска академија во Франција и да ја поврзам со Спортинг.
Му пишав на спортскиот директор. Во понеделникот се видовме на состанок во спортскиот центар и разговаравме. Му ги објаснив проблемите со кои се соочувам а тој рече дека за мојот проект ќе разговара со претседателот и ќе види да ли може да ми помогне. Во средата Спортинг играше против Порто во Купот на Португалија. Присуствував на натпреварот и седев во ВИП ложата.
По натпреварот останав и го чекав претседателот 10-15 минути. Му се јавив на еден мој познаник да го прашам дали може да се симнам до соблекувална и во истиот ммомент прекина да ми одговара.
На крај дојде уште еден мој познаник да ме земе. Се симнав во тунелот и стоев таму 45 минути. Се чуствував како странец. Ми се чинеше како ништо да не сум направил за клубот. Заборавиле на мене а тоа ме боли толку.
Поарно да ми кажеа 'не' отколку да ме оставеа да чекам во неизвесност. На крајот конечно успеав да стапам во контакт со спортскиот директор а тој кратко и јасно ми рече: 'Не можам да ти помогнам со ништо, а и онака претседателот веќе си отиде'. Бев бесен од фрустрација! Утредента го напуштив Лисабон“, раскажал болна епизода Матие.
