Заврши сезоната за Меси и Мбапе во ЛШ

Лани Реал, преклани Баерн, вечерва повторно Баерн. Фудбалерите на ПСЖ глава не можат да кренат од великани во нокаут фазата од ЛШ и ниту знаат како да ги минат. По поразот дома од 0:1, Парижаните останаа без муниција и на Алијанц. Им пресуди токму нивниот поранешен напаѓач, Камерунецот Ерик Максим Чупо Мотинг. Гнабри во финишот ги постави конечните 2:0. Во четвртфинале оди и Милан кој одигра 0:0 во Лондон.

БАЕРН МИНХЕН - ПСЖ 2:0

1:0, Чупо Мотинг 61`

2:0, Гнабри 89`

Шансата на Рамос и одличната одбрана на Зомер

ТОТЕНХЕМ - МИЛАН 0:0

Кикс на Зомер, херојска интервенција на Де Лихт кој спречи чисто водство на ПСЖ

 

8 март 2023 - 22:44