Вегнер не е првиот градоначалник на Берлин кој одржувал односи со оваа „дрег-кралица“, чие вистинско име е Марио Олшински. До пред некое време фотографирањето со Марио - Јурасика Парка- Олшински изгледало речиси задолжително за секој берлински политичар кој сакал да го подобри својот имиџ во однос на промовирањето на инклузивноста и толеранцијата.
Врските на официјален Берлин со „Парка“ датираат од пред најмалку една деценија. Тие не се ограничени само на градската власт, туку се протегаат и до сојузната влада, и тоа до Министерството за семејни прашања.
Првата осуда за ширење „материјали со детска порнографија“, датира од октомври 2023 година а се однесува на случаи од две години претходно.
Фотографии на Јурасика во кабинетот на градоначалникот се направени кога берлинската полиција веќе имала отворено истрага по првите обвиненија за детска порнографија.
Пред Вегнер, член на Христијанско-демократската унија на канцеларот Фридрих Мерц, на оваа функција беше социјалдемократката Франциска Гифај.
И таа се редела за сликање со берлинскиот Боки 13 кој бил и водител на нејзин предизборен настан.

Со 40.000 евра на берлинската влада, Гифај финансирала и фестивал на Парка (Кралици и цвеќиња) на која дрег кралици им читале приказни на деца а и самиот Марио, на ученици од петто одделение им читал делови од книгата „Што всушност значи LGBTQI+?“, за време на еден настан во јавна библиотека во Берлин.
Еве ја со Марио и поранешната германска министерка за семејни прашања, Мануела Швезиг.

Во јули 2025 година, Парка организирал гала-настан спонзориран од никого друг туку од берлинската полиција и тоа наводно кога по дојава од американскиот Национален центар за исчезнати и злоутребени деца, берлинската полиција веќе имала започнато нова истрага под обвиненија за детска порнографија. При претрес во неговиот дом тој месец, полицијата наводно пронашла неколкучасовен порнографски видео-материјал во кој се вклучени малолетници.
Во моментов, лекарот Пол Бранденбург сè уште се наоѓа во притвор поради обвиненија за „навреда“. Парка, односно Олшински, нема отслужено затворска казна за ниту една од двете пресуди поврзани со детска порнографија, пишува Џон Розентал.