Фирми без вработени и газди со политички врски должат 224 милиони евра за данок и придонеси
12 ноември 2026
- Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници на која се евидентирани вкупно 5.200 даночни должници со вкупен нето-долг за даноци и придонеси од приближно 224 милиони евра.
- На врвот на листата се три компании од Скопје, а најголем должник е Хант осој трејд, со долг од над 900 милиони денари, односно околу 14,87 милиони евра, сите по основ на ДДВ. Со сличен износ на неплатени обврски е и скопската компанија Окитна трејд увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, регистрирана во Визбегово. Меѓу трите најголеми должници е и Лисав Компани од Скопје која должи 449 милиони денари.
-
Компанијата ХАНТ Осој има едно вработено лице и е формирана во 2022 година. Сега владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција пред две години тврдеше дека фирмата „Хант Осој“, до крајот на 2022 година се викала „Хантонос“. Тогашниот сопственик Васе Панајотов му ја продава на извесен Агим Имери од Косово, кој добил поврат на ДДВ од 12 милиони евра и исчезнал, пишува Фокус.
-
Од 5.200 должници на најновата листа, 5.002 беа и на минатата.
* Објаснување на фотографијата: Мува не ги лази.