- Армиски гардист им се развика на министерот за одбрана Пит Хегсет и на неговите придружници кои се смееле и гласно разговарале пред Гробот на незнајниот јунак во Арлингтон на Денот на воените ветерани.
- Кога слушнал смеење, стражарот истапил од својата позиција и гласно и остро ѝ подвикнал на групата како се изразува почит кон паднатите војници.
- „Сите посетители ќе одржуваат атмосфера на тишина и почит во секое време!“, извикал војникот.
- ЦНН објави дека во групата на Хегсет биле неговата сопруга Џенифер, началникот на Генералштабот Рики Бурија, заменик-началникот Патрик Вивер и советничката Тами Радабо.
- Спомен-обележјето во чест на непознат американски војник загинат во Првата светска војна е едно од најстрого чуваните места во САД. Гардист од Третиот пешадиски полк таму деноноќно чува почесна стража во секакви временски услови, уште од 1948 година.
- Демократот Скот Колом победи на изборите за сенатор во Мисисипи, сојузна држава која важи за едно од најцврстите упоришта на републиканците.
- Колом е првиот црн сенатор од оваа сојузна држава по 1881 година и првиот демократ избран по 1947 година.
- Победата во Мисисипи ја зголемува предноста на демократите во Сенатот на 55 спрема 44. На овие избори од републиканците презедоа сенаторски места во осум сојузни држави.
- Сè уште не се познат исходот од трката во Алјаска, каде што по пребројувањето на 85% од гласовите кандидатката на демократите има мала предност.
- Москва би можела да склучи пактови за ненапаѓање со членки на НАТО, како дел од идната безбедносна архитектура за Европа, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински.
- Оваа идеја била отворена на дводневните преговори во Абу Даби за крај на војната во Украина.
- Дипломатот Алексеј Дробинин на безбедносна конференција во Москва изнесе три предлози за идната безбедносна рамка за Европа.
- Првата опција е формирање на сојуз за колективна одбрана или склучување билатерални договори за заемна помош, слични на оние што Русија ги има со Белорусија и Северна Кореја.
- Втората е постигнување политички договори за непомагање на противниците во случај на агресија – по примерот на пактот што Москва го има со Иран.
- Третата опција се билатерални, заемни пактови за ненапаѓање. „Договори од ваков вид би можеле да се постигнат со поединечни земји-членки на НАТО, кои потоа би добиле дополнителни безбедносни гаранции од Русија“, изјави Дробинин.
- Европски лидери се противат на каква било дискусија за севкупната безбедносна архитектура на Европа пред да се постигне напредок во однос на Украина. Американските посредници јасно ставија до знаење дека се отворени за таква дискусија.