* Фотографијата "Falling Man" е направена од фоторепортерот на Асошиетед Прес Ричард Дру. Чкрапната е утрото на 11-ти септември 2001-ва, во 9 часот и 41 минута. Идентитетот на кутриот човек никогаш не се дозна.
"Имаше толку многу фотографии од тој ден но оваа се издвојуваше бидејќи највпечатливо го отсликуваше хоророт на тој ден. Ниедна фотографија не беше нежна но токму оваа предизвика лавина гневни реакции од читателите кои се прашуваа како можеме да објавуваме таква слика и велеа дека фотографијата ја доживуваат многу навредливо".
Ова се сеќавањата на Хенри Сингер кој снемувањето на оваа фотографија од очите на јавноста го поттикнува да направи цел документарец на таа тема (го имате подолу).
"Култура како САД се потпира на триумф, на победа, на надминување на несреќата. Секој што е пораснат во САД знае дека мора биде најден некој триумфален момент кој ќе ја победи несреќата. Токму за тоа послужија пожарникарите, како херои на тој ден."
Тоа е е и причината за премолченото заборавање на таа фотографија. Едноставно, таа не се вклопува во наративот, во помнењето на 11-ти септември како ден кога било победено најлошото. Слика од човек кој несакајќи паднал барајќи спас или пак намерно се фрлил за да не го голтне оганот, тешко се вклопува во еден таков пожелен триумф.