
ЛИГА 1
ПСЖ стана првак на 6 кола до крајот во Лига 1, откако во 28. коло славеше против Анже со 1-0.
Голот вреден титула го постигна Дизајр Дуе во 55. минута на асистенција на Кварацхелија.
Во 28 првенствени натпревари, парижаните немаат ниту еден пораз. Скорот им е 23 победи и 5 нерешени.
За издвојување е формата на Дембеле, кој е прв стрелец во лигата со 21 гол.
Инаку ПСЖ има 74 бода, дури 22 повеќе од Марсеј. Трката до крајот на сезоната во Франција ќе се води за местата кои водат во ЛШ. Ситуацијата е ептен неизвесна, бидејќи разликата меѓу второпласираниот и седмопласираниот Лил изнесува само 5 бода.
ПРЕМИЕР ЛИГА
Второто првенство во кое се очекува да се случи следната разврска за титулата е Премиер лигата, бидејќи Ливерпул на 7 кола до крај има 11+ пред Арсенал.
На Топџиите им треба џудо за да се надеваат на трофејот, а тоа е Ливерпул да загуби на четири меча, кои тие пак мора да ги добијат.
Изненадувањето на сезоната се вика Нотингем Форест кој не ја дава третата позиција, а голема битка ќе има за четвртата позиција која води во ЛШ.
Челси, Манчестер Сити, Астон Вила и Њукасл се оддалечени едни од други на само бод.
БУНДЕСЛИГА
Во Бундеслигата уште не може да се каже дека Баерн Минхен ја има титулата, иако најблиску се до таму.
Актуелниот шампион Баер Леверкузен заостанува 6 бода, а најпроблематични ќе им бидат последните две кола. Прво ја пречекуваат Борусија Дортмунд, а потоа му гостуваат на четвртопласираниот Мајнц, кој гризе за пласман во ЛШ.
Баерн Минхен има потежок распоред, бидејќи покрај со Борусија и Мајнц, треба да се соочи и со Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, екипи кои се борат за Европа.
И во Германија сè е во игра за местата кои водат на меѓународна сцена. Густо е на табела.
СЕРИЈА А
Во Италија, ситуацијата на 7 кола до крај е каша попара. Ако Наполи вечерва се справи со Болоња на гости ќе остане на -1 од лидерот Интер.
Плус има и далеку полесен распоред од Интер, без ниту едно дерби. Интер пак има битки против Болоња, Рома и Лацио.
За Лига на шампиони ќе има циркузи до крај. Аталанта како трета има 58 бода, а Фиорентина како осма 52. Помеѓу оди две екипи се уште и Болоња, Јувентус, Лацио и Рома.
Ако Болоња вечерва слави ќе биде трета, а инаку следното коло на програма е римското дерби.
ЛА ЛИГА
Кај Шпанците, Барселона и Реал Мадрид се оддалечени 4 бода, откако кралевите кикснаа дома со Валенсија, а Барса одигра реми против Бетис.
Еден од клучните датуми за титулата, ако не и клучен, ќе биде 11 мај. Тогаш е Ел Класико, а домаќин е Барселона.
Атлетико е на -7 бода од Барселона и со помали шанси во трка за титулата. Атлетик Билбао како четврти им бега 6 бода на Виљареал и Бетис во битката за ЛШ.