Потоп на кралевите, ПСЖ убедливо до финале

Европскиот првак е немилосрден и уште еднаш им покажа на големите екипи дека сезонава е најсилен. Му преостана уште само еден тест. Челси.

ПСЖ го растури Реал Мадрид со 4:0 и му покажа дека нема играње со нив оваа сезона. Уште во првите 24 минути на семафорот стоеше 3:0. 

Двоен стрелец на мечот е Фабин Руиз кој стрелаше во 6 и 24 минута, а гол постигна и Дембеле во 9 минута, кој ја игра сезоната на кариерата.

Резултатот го затвори Португалецот Гонзало Рамос во 87-ма минута.

Момците на Луис Енрике беа доминантни во 68% посед на топка и 8 удари во рамки на гол на спроти 2 на Реал.

Уште еднаш потврдија дека сезонава се беспрекорни на големите натпревари.

На ова Светско, без примен гол со идентичен резултат го декласираа и другиот тим од Мадрид, потоа Баерн со 2:0, а во финалето од ЛШ го посрамотија Интер со петарда.

Финалето против Челси е закажано за 13 јуни.

 

10 јули 2025 - 07:56